Повеќе од 20 часа траела спасувачката операција на македонскиот планинар Н.И., кој самоиницијативно надвор од организираната група планинари тргнал кон освојување на врвот Стефани и заглави по пат во обид да искачи дел од масивните врвови на Олимп. Непристапниот терен и нестабилното тло им ја отежнувале спасувачката операција на грчките спасувачки единици. Повикот за спас бил регистриран од службите околу 22:30, целата операција траела до 14 часот следниот ден. 250 кг опрема им била потребна за асистенција, а 4 часа им требале да пристапат директно до планинарот. Инцидентот се случи изминатиот викенд, 24-25 јули.
Популаризацијата на планинарењето како и гледањето многу видеа (филмови) од екстремно радикален стил на живот на ѕвезди од планината, кои најчесто завршуваат во амбис, придонесе млади луѓе храбро со необмислен пристап да тргнат во походи кои завршуваат со тешки и фатални последици.
Нема да ги коментираме одлуките и постапките, само сакаме да пренесеме порака дека се што гледате низ медиумите за успехот на екстремните спортисти во голема мера е реализирано од професионалци со врвна опрема, долгогодишно искуство, многу тренинг и висока психо-физичка подготвеност.
Почитувајте ја дивината
skimacedonia



