Производителот на ски опрема Marker престана да ги продава омилените ски везови Kingpin како одговор на тужбата за повреда на патент и авторски права поднесена од G3 Genuine Gear Inc, фирма која тврди дека таа ги пронашла и патентирала новите технологии, кои до сега беа вградени во Kingpin везот наменет за турно скијање. Согласно правните документи, Marker во судот во мај годинава, се согласил дека го прекршил еден од три патентни тврдења и права на фирмата G3 Genuine Gear Inc. Подоцнежните судски расправи ќе одредат дали Marker ги повредил и преостанатите две други барања за прекршок, кои се на штета на G3 Genuine Gear Inc.
Есента 2015 година, Маркер, кој сега не одлучи да коментира за ова прашање, го воведе Kingpin со голема помпа. Но, не беа сите среќни на тој момент, па на 15 декември 2015 година, G3 Genuine Gear Inc поднесе тужба против Marker за повреда на авторските права и патент.
skimacedonia
