Заради новите снежни врнежи изминативе денови, зголемен е ризикот од лавини низ повеќето ски региони. Потребно е внимателно скијање пред се низ ски центарот Попова Шапка, во зоната на Церипашина и Син Врв.
повеќе »skimacedonia
Повторна победа на Јана Атанасовска овој пат на Купот на Шампиони во Копаоник
После успешните натпревари во Словенија и Хрватска како и тренинзите во Австрија, младите цицибани на пат за дома, на Алпскиот Куп во Србија – Купот на Шампиони, собраа уште по некое добро место меѓу кои и првото и подиумско место на Јана Атанасовска во велеслалом. 1 Јана Атанасовска 1 место 2 Ева Милевска 5 место 3 Данило Илиев 5 место …
повеќе »Овој викенд ќе работат и лифтовите на Маврово
Викендот што доаѓа ќе работи и ски центарот во Маврово. Ски карта, 800 денари за возрасни, 500 денари за деца.
повеќе »Скијање од утре и на Копанки
Снегот го наполни и Пелистер, на Копанки има над 30 см снег, терените се подготвени и од утре сите заинтересирани ќе можат да уживаат на патеките. Деновиве ќе работат жичницата и ски лифтот. Снег има и на Пониква и Крушево. Копанки, фото 14.03.2016 Пониква, фото 14.03.2016 Крушево, фото 14.03.2016
повеќе »Интернационален оutdoor фестивал во Демир Капија
Качување карпи, планинарење, трчање, возење велосипед, премиера на документарен филм снимен во Демир Капија, забавни натпревари и пријателска забава со камперски оган, се дел од активностите кој ќе имате прилика да ги искусите на International Outdoor Festival во Демир Капија на 13, 14 и 15 мај оваа година. Сите љубители на спортот, рекреацијата и природата се добредојдени да го искусат …
повеќе »ПИЕРА МЕНТА – НАЈГОЛЕМАТА ТРКА ВО СКИ АЛПИНИЗАМ
Деновиве се случува најголемата трка во ски алпинизам Пиера Мента која што започна во Ареш, Франција. Ова е 31 издание, а трката трае 4 дена со нови и тешки стази. Како што велат, вкупно се поминуваат околу 10 000 метри разлика без ДДВ! Илина Арсова е дел од овој ски настан, а во прилог нејзината објава “Денес за појадок имавме 2000 и …
повеќе »Freeride World Tour – Победничкото возење на Сами Либке
Голак, снежен амбиент 13 март
Голак, планина меѓу регионот на Делчевската и Кочанската Котлина. Mасив кој опфаќа 12.800 ha и спаѓа во средно високите планини, а највисок врв е Чавка (1.538 m), под кој се наоѓа туристичко-рекреативен центар на 1.400 m .Постојат неколку помали сместувачки капацитети кои работат повремено. Постојат услови за алтернативно турно скијање, планински велосипедизам и планинарење. Во пролет и лето, располага со многу тревки и чаеви …
повеќе »Пристигнаа дел од компонентите за новиот шестосед на Попова Шапка
Деновиве во Тетово пристигнаа дел од компонентите за шестосед жичницата која треба да се постави оваа година на Попова Шапка Дел на пат за Македонија
повеќе »Попова Шапка со снег но без атмосфера за скијање
И покрај обилните снежни врнежи на Попова Шапка, поволни услови за скијање нема, временските прилики не го дозволуваат тоа, прегледноста е на ниско ниво, снегот е со пролетен квалитет и е прилично влажен во зоната на ски центарот, со температури над нулата. Во моментот има над 30 см нов снег. Ваквото време ќе продолжи и во текот на следната недела. …
повеќе »
skimacedonia