На ФИС натпреварувањата кои се одржаа вчера и денес во Босна на Бјелашница, а каде учествуваше и алпскиот скијачки клуб Скади од Скопје беа освоени неколку подиумски места. Во рамките на фис натпреварите младата Јана Атанасовска го освои второто место и сребрен медал во дисциплина Supeg G, дисциплина која и е прво натпреварувачко искуство, а со најдобро време во својата генерација. Второ место во истата дисциплина на трката Born To Ski каде со заостанување од 0.07 стотинки зема само сребрен медал.
Денес, Јана Атанасовска го освои првото место и златен медал во технички покомплексната дисциплина велеслалом, со предност од нас 1 секунда. Останатите натпреварувачи од тимот Јаков Добрески и Борјан Стрезоски ги освоија 13та и 10та позиција. Утре на програмата на натпревари е слаломот.
На натпреварите учествуваа клубови и натпреварувачи од Италија, Аргентина, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и домакинот Босна.
skimacedonia



