Премиера на “This is Herstory” во Култура

Во присуство на повеќе гости вчера се оддржа премиера на “This is Herstory” во кино Култура. Ова беше настан преку соединување  на спорт и уметност низ раскажувачката моќ на кино јазикот,  не потсети, дека ние сме создадени за да живееме во симбиоза со природата, а најмладите ги едуцира и потсетува дека не треба да престанат да сонуваат бидејќи соништата не се недостижни.

“This is Herstory” може да се каже дека е проект во зачеток но со веќе изработени квалитени 4 епизоди кои ги обработуваат животите на женските атлети од Балканот.  Преку автентична приказна и со посебна љубов раскажуват за својата силна страст кон качувањето, планинарењето  и животот во симбиоза со суровата природа. Секоја од нив има високо поставена цел да исполни, а во овој краток филм ги следиме од блиску нивните падови и успеси вткаени низ уметност  и екстремни спортови. Ова е нивната приказна! Ута Ибрахими, Аргиро Папатанасиу, Илина Арсова и четвртиот од најновиот циклус е портретот на младата Александра Тоткова.

Паралелно беше реализирана и преставена творечката уметност и дела на Илина каде посетителите на оваа изложба може да видат неколку ликовни фази:

Потсетување на сликарство од 2005 – 2007 / СПАМ – рециклирани слики-објекти 2009 -2018

„Дневник на моите височини“ 2016 – 2018 масло и акрилик на платно / „Патеписи“, џепни изданија на цртежи и акварели создавани непосредно за време на експедициите и фотографии од перформансот ЗЕРО 2016  – 2019.

Поставените дела се јасен одраз на карактерот на авторката која низ овој долгогодишен опус останува доследна до ставот дека секој еден од нас, како индивидуа може да придонесе кон почиста животна средина, одговорно управувајќи со сопствениот отпад. За некого планините се бегство, за друг навраќање во реалноста. Планинските пејзажи низ променлив колорит и линија отсликуваат разни емоции акумулирани низ долгите патешествија 15 години наназад.

Со секое купено дело се поддржа експедицијата Винсон на Антарктик, 7миот и последен врв за заокружување на светскиот високогорски подвиг, 7 врвови. Вредноста на сликите зависи од форматот и техниката на изработка но и од мотивот кој знае да биде неповторлив.

Дел од продукцијата ќе може да следите на наменската веб страна http://herstory.pro/

 

_MG_9584 ilina arsova herstory _MG_9599 ilina arsova herstory _MG_9602 ilina arsova herstory _MG_9622 ilina arsova herstory _MG_9716 ilina arsova herstory _MG_9721 ilina arsova herstory

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки