На падините на Шар Планина изминатиот викенд се одржа традиционалниот меѓународен скијачки „Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле 2019“ во организација на Пријателите на Стеве, МК Александар, СК Полар и СК Шарпланинец.
На патеката Пионерско Брдо на Попова Шапка по прекрасно сончево време, во сите категории имаше одлични борби за првото место. Малите виртуози на скии поделени по старосни категории ги заслужија сите аплаузи од публиката.
На осмото издание на велеслаломот за деца учествуваа рекорден број македонски натпреварувачи, 119 од вкупно 154 учесници. На стартната листа имаше натпреварувачи од ски клубови и школи од Црна Гора, Бугарија, Србија, Косово и Македонија. За прв пат овој натпревар беше бодуван и за Алпскиот куп на Македонија во организација на Скијачката федерација на Македонија. Специјалните пехари „Караѓуле“ наменети за најмлади учесници ги добија Даница Илиќ од Србија и Бриз Цана од Косово и двајцата со неполни 5 години.
По категории најуспешни беа:
- Снегулки – женски: Клеа Вокши (Косово)
- Снегулки – машки: Бранко Калеников (СК Сноу спорт, Македонија)
- Помлади цицибанки: Дуња Ковачевиќ (Црна Гора)
- Помлади цицибани: Диар Садику (Косово)
- Постари цицибанки: Ема Садику (Косово)
- Постари цицибани: Данило Илев (АСК Скади, Македонија)
- Деца 1 – женски: Лирика Дева (Косово)
- Деца 1 – машки: Клос Вокши (Косово)
- Деца 2 – женски: Киана Круезиу (Косово)
- Деца 2 – машки: Дрен Спахиу (Косово)
Детална листа не резултати
skimacedonia



