Алпинисти од АК8 минатиов викенд спасуваа куче на Орлови Стени – Попова Шапка. До оваа ситуација дошло кога во саботата кучето пратело дел од алпинистите, Христо Ежовски и Антониа Сарделиќ, кои биле на тренинг околу кулоарите под Антени.
Следниот ден, во неделата на истото место дошле уште тројца членови, Маја Мухиќ, Методи Чилиманов и Благоја Китановски да го повторат искачувањето и тренингот.
Но, наместо тренинг и качување денот го поминаа во спасувачка акција за кучето од претходниот ден, кое неможејќи да се врати по стрмниот кулоар, се блокирало и останало на карпата цели 24 часа. Премзнато и исплашено не било лесно да се симне, давало отпор поради истрпениот стрес, но и видно ослабено од студот преку ноќта
Видео од акцијата во прилог
извор Алпинистички клуб 8 – АК 8
skimacedonia