Ако сте во дилема каде се наоѓа вистинскиот партнер

Ако сте во дилема или пак не знаете каде се наоѓа вистинскиот партнер, покрај многуте риби во морето…

Нема поголема риба од МТБ велосипедисти. Според некои “научници” кои анализираат се и сешто, планинските велосипедисти (мтб бајкер, даунхилери итн.) се најдобри љубовници и тоа според неколку параметри.

1) Храброст

Замислете ја сцената во која се спуштате низ вртоглави планински патишта и тесни козји патчиња, каде секој погрешен потег може да ве соочи со најлошото или во најмала мера да се здобиете со разни повреди и скршеници. Изгледа и звучи страшно , но тоа е сцената за која живеат даунхил велосипедистите. Врвна храброст еквивалентна на камикази возења низ патеки кој личат на инстант предизвик на смртта. Луѓе со кои не би имале недостаток на храброст.

mtb-instruction-mountain-bike-enduro-training

2) Богатство

Ако вашиот потенцијален партнер се занимава со даунхил велосипедизам, големи се шансите да има некоја вишок пара, заради тоа што овој спорт како забава е прилично скап.

3) Интелигенција

Можеби овој опасен спорт изгледа тотално лудо или глупаво, како да имаш недостаток на сива материја, но спротивно на тоа мозокот и телото се вложуваат максимално во напорот прецизно да се поминат патеките, да се совлада гравитацијата, да се одржи балансот и константно да се регулираат силите на термодинамиката. Оперативност  рамна на ниво на НАСА мозок.

4) Фитнес

Зависно од тоа дали се качувате со точак или правите спуст, со планински велосипедизам се согоруваат од 400-800 калории на час. И ова е одлична работа за согорување на масти и кардио вежби. Целокупната активност придонесува за билдање на сила.

5) Патување

Велосипедистите се патувачи, ако се дружите со нив ќе имате голема можност да разгледате најразлични предели, планини, долини , населени места кои во спротива никогаш не би ги посетиле. А доколку тргнете со велосипед низ светот шарената и богата слика не ви бега!

mtb-instruction-mountain-bike-enduro-training 1

6) Болката е минимизирана

Ако се мотате со планински велосипедист може да бидете сигурни дека се навикнати на “нуклеарно” ниво на болка. И сигурно нема да слушате цела недела поплаки за болки низ телото. Навикнати се на постојани гребаници и ситни повреди од камења, кал, гранки, скокови…

7) Одлична кожа

Минувајќи постојано време во природа, низ влажни шуми, земја, влага и кал, кожата им е изложена на куп природни минерали и бесплатен пилинг за коj некоја жена би оставила цело богатство.

8) Добри слушатели

Претежно изолирани во природа, на патеките се само тие и дивината. И шансите се големи после цел ден прашина и пот во тишина, да се повеќе од задоволни кога би слушалнале друг човечки глас. Но и шансите се големи додека вие зборувате, тој да ве слуша, а да мисли на некои Strava (GPS тракер) делници.

9) Вешти со нивните раце

Многу работи можат да тргнат во погрешен правец, од скинат ланец, пукната гума и делови кои во природа ќе мора да ги поправи сам. Тие се прилично вешти со своите раце и не треба да се укаже на придобивките од вешти раце и агилност.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки