Отворена еднодневна акција на Даутица и искачување на врвот Даутица 2178 м.н.в..

даутица

ПК Македон организира отворена еднодневна акција на Даутица и искачување на врвот Даутица 2178 м.н.в..

Турата започнува од селото Папрадиште кај домот Папрадиште каде се оставаат комбињата. Половината од патеката е по новата кружна патека кон Солунска глава, а потоа на местото наречено Куртовица на 1800 м. патеката се дели во лево кон врвот Даутица. Се оди 3 часа и се искачуваат 1000 метри. Турата е средно тешка. Враќањето е во траење од 2,5 часа и ќе има доста време за дружба во домот Папрадиште. Турата ќе биде поддржана и со водичи од Green power и домот Папрадиште.

Врвот има прекрасен стратешки поглед. Десно е врвот Солунска глава, на спротивната страна е поречието со Крушево и Македонски Брод, Пелагонија со оџаците на РЕК Битола, дел од Маркови кули во Прилеп, а позади езерото Козјак во Скопскиот регион. Се гледаат и Пелистер, Беласица, масивите во Бугарија, значи извонреден поглед во сите четири правци.

Од опрема задолжително да се понесат планинарски обувки, јакна/кабаница поради можност за променливо време и ветар, капа и крем за заштита од сонце. По патот ќе се изведуваат кратки паузи и секако подолга пауза на врвот. Вода има на две места (по 20 мин одење и на еден час пред врвот).

Поаѓањето е во 6 ч. од паркингот на Веро тафталиџе, а се поминува и на железничка станица на паркингот на поштата. Враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Папрадиште. Бројот на местата се ограничени. Пријавувањето задолжително се извршува по телефон на 072 24 39 39. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до петок 24 јули 2015. Доколку не се уплати до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани. Цената за турата е 500 денари.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки