Поради премногу добрите временски услови ПЛАТ 2398 мнв – САБОТА

plat leshnica shar planina skimacedonia

Врв Плат 2398 м.н.в Шар Планина.
Еднодневна планинарска акција, старт во 06.00 часот од паркингот пред Поштата кај Нова железничка станица, 07.00 часот пристигнување на Попова Шапка 1750 м.н.в од каде почнува пешачењето. Патеката е средно тешка, се пешачи во зимски услови 3 (три) часа во правец и се совладува 648 м. надморска височина , нешто помалку од Водно. Првиот дел се пешачи нагоре потоа се иде по колски пат до бачилото каде се одвојуваме нагоре за патот кон Лешница, отттука имаме искачување од 20 мин потоа теренот е доста прав до под врвот Плат кој има уште 40 мин успон до самиот врв. Кој се има искачено на Водно овие месеци турава ќе му биде лесна.

Ако сме помалку ќе се организираме со коли а, ако има поголема заинтересираност (барем 14 луѓе) одеме со организиран превоз кој чини 400 ден и ќе се плати на лице место во сабота сабајле.. задолжително пријавивање кај Алекс 070 382 751 и Дејан 071 212 808 за да се организираме правилно, пријавувањето е најдоцна до 21:00 часот.
Застанување Хотел Карпош, CityMall, Кружниот тек во Ѓорче Петров.

Потребна опрема и услови : Психофизичка подготвеност за наведеното пешачење во зимски планинарски услови, удобен ранец, добро разгазени високи зимски планинарски чевли, гамашни, зимска топла облека која заштитува од ветер и дожд, зимски ракавици и капа, очила или маска за заштита од сонце, планинарски стапчиња, челна батерија, храна и пијалоци си носи секој сам
п.с Мал тренинг за пред традиционалното Бугарско зимско искачување на Мусала.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки