Љуботен еднодневна прошетка #beActive

Едноднена прошетка до врвот Љуботен на убаво време , доколку на врвот ја испеете Happy B-Day накај славеникот имате парче торта :)) во спротивно ќе мора да се гребете :))
Денот ќе биде сончев и пријатен за планинарење ….

Идеме организирано доколку има над 15 луѓе, се што е под 15 луѓе ќе се изорганизираме со коли …. цената за комбето е 250 ден по човек … ( и со кола толку ќе не фати )

Контактирај те ме за подобра организација …или на тл 071 212 808 или тука на евентот

Потребна Опрема :
Облека за заштита од сонце , Наочари за сонце со УВ заштита , Капа , Марама , Креми за сонце , Планинарски стапчиња, тенки ракавици за ладно…

Исхрана :
Секој сам си носи исхрана од ранец , Вода 2 л. суво овошје, сендвичи и сл.

Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.Ljuboten-1 31

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки