Движење по Осоговијата

Почитувани другари и другарки планинари.
Недела 20.09.2015 планирано е искачување на врв Лисец 1527 мнв кој е дел од Осоговските планини.
Стартна точка на искачување е с. Псача ( Ранковце ) магистрален пат Куманово – К. Паланка . Должината на патеката е 13 км во двата правци со време на искачување 3 часа по живописна патека низ густа букова шума . На самиот врв има мала црква и клупи за одмор Патеката е категоризирана како средно тешка , облеката и обувките треба да бидат прилагодени според временската прогоноза . Учесниците на акцијата сами за себе си одговараат за својата прихофизичка кондиција . Исхраната е од ранец , вода најмалце 2 л (треба да има на 2-3 места долж патеката)
Водичи на патеката :
1 .Војвода кумановски Александар и
2 .Бобан Нортман ( треба но НЕМОРА да ги слушате и почитувате нивните инструкции ) :p

Лице и телефон за контакт
Гуги 075752601
Александар 077755866
Дејан 075613222

НАПОМЕНА :
Акцијава е 100 % непрофитерска , а цената на превозот ке биде пресметана на 20 пријавени ( комбе ) и ке биде позната најкасно до четврток – петок . Доколку ненамерно се стекнеме со еднократна парична корист истата ке биде потрошена на заедничка маса во најблиската кооперација ( што пие кафана )

Време на поаѓање 6 наутро пред Пошта 2 паркингот

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки