
ДПС ТРАНСВЕРЗАЛЕЦ организира Зимски прошетки на Шар планина на 03 Јануари 2016 год.
Поаѓање во 08:00ч на паркингот кај ПТТ (Железничка станица), цена 400ден. Попатни станици /Градежен фак -Хотел Карпош – Сити мол- Цујо во Ѓ.Петров/
Стартот на акциите започнува од планинарскиот дом Смрека
Акција 1 – искачување до Камена Низа 1933мнв се пешачи 2 ч искачување + 2 ч за враќање со 250м висинска разлика – стаза со можност за нуркање во снег :-)ako neznae da pliva vo snegot/
Акција 2 – искачување до врвот Церипашина 2531мнв се пешачи 2,30ч искачување + 2ч за вракање со висинска разлика од 700м
Акција 3 – искачување на врвот Плат 2938мнв се пешачи 3,5 ч за искачување + 3ч за враќање со висинска разлика од 600м
За реализирање на една од понудените акции потребна е пријава на минимум 10 учесника.
Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување во зимски услови.
Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.
skimacedonia