Ќе се реконструираат ски лифтовите во туристичкиот центар Пониква со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.
За оваа намена ќе бидат на располагање 85 илјади швајцарски франци преку програмата „Регионални форуми во заедницата“, откако Комисијата за евалуација го избрала концептот за натамошно развивање потенцијалите на овој спортско рекративине центар. Ќе бидат реконструирани постоечките два лифта со вкупна должина од околу 700 метри.
Реализацијата на овој проект ќе придонесе за унапредување на туристичката понуда и модернизација на постојната инфраструктура, што ќе ги подобри условите и капацитетите за скијање, изјавија од секторот за локален економски развој на Општина Кочани.
skimacedonia
