Следи настан
Osogovo Adventure е велосипедско-планинарски фестивал составен од тури за планинари и планински велосипедисти со старт и база на Пониква, на Осоговските Планини. За учесниците во секоја од категориите се предвидени лесна и потешка тура, согласно физичката подготвеност на поединците. Покрај турите, учесниците имаат можност да кампуваат и да бидат дел од програмата на настанот.
Програма:
Петок, 1 јуни
Пречекување на првите учесници и подигнување на кампот. Музичка програма за добредојде.
Сабота, 2 јуни
Трениг велосипедска тура во околината на Пониква.
Тренинг планинарска тура во околината на Пониква.
Активности во кампот.
Музичка и културна програма.
Недела, 3 јуни
Старт на велосипедските и планинарските тури.
Ручек.
Музичка програма.
Велосипедски тури:
1. Долга тура од 60 км, со искажување од 2000 м (Пониква – Царев Врв – Крушка – Полаки – Лисо брдо – Пониква) за добро подготвени велосипедисти, 100% планинска и оф-роуд
2. Кратка тура од 35 км, со искачување од 800 м (Пониква – Царев Врв – Пониква), 100% планинска и оф-роуд
Планинарски тури
Информациите ќе бидат објавени дополнително.
Пријавување
Пријавувањето може да се изврши според следниве цени:
– 300 денари за еден учесник до 6 мај 2018
– 400 денари за еден учесник до 1 јуни 2018
– 500 денари на 2 и 3 јуни 2018
Секој учесник добива:
– организирано планинско возење велосипед и планинарење по маркирана патека во придружба на водичи на турата
– логистичка поддршка за време на турата (прва медицинска помош, основен сервис)
– станици за вода и освежување (комбинација од природни извори и пунктови со доставена вода)
– ручек по завршувањето на турите во недела
– сувенир маица Osogovo Adventure 2018
– локација за кампување
Правила за учество
– Во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед или планинарење на планина.
– Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина и off-road, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови, шише за вода, неопходна храна за ден поминат во природа
– Учесниците кои ќе се движат пред или побргу од водичот на турата или самоиницијативно ќе истапат од групата и предвидената патека за возење, тоа го прават на сопствен ризик и одговорност
– Патните трошоци до стартот на турата се на товар на учесниците
– Секој учесник во турата вози на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици
– Организаторот го задржува правото за измени на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори, како и предвремено затворање на пријавувањето доколку бројноста на групата го достигне планираниот максимум
skimacedonia
