МТБ на Шара? Мало морген…

31490744_shar planina popova sapka mountain bikingГолемиот снег кон Лешница не ни дозволи да продолжиме кон планираната бајк тура, па остана “само лабаво”. Периодов некои делници на Шара ниту се за скијање ниту за точак. Етузијастички се залетавме да направиме кружна тура на потегот, Попова Шапка, Лешница, Бродец, Вешала, Шипковица….Иако очекувавме кал, вода од сите страни, а секако и снег на патот, оптимиситчки тргнавме со мисла дека сепак ќе има некоја каква таква проодна линија. Така и беше. На почеток, пола пат во кал, пола со снег, вода леташе на сите страни, но се наоѓаше линија чиста за да можеш да возиш. Но тој момент на турни бутни почна да зачестува, за после извесно време кон север северо-запад во правец на Лешница снегот да го има во поголеми блокови, и брзо ни стана јасно дека зоната на С1 фрирајд станицата (близу над домот Јелак) ни стана крајна дестинација. Не размислувавме многу за да се распостелиме во пријатен заклон каде можевме заштитени од ветрот да изуживаме во Шарските пејсажи….

Во план е патот деновиве да биде расчистен и пробиен со булдожер. Штом добиеме корисна информација, секако дека ќе споделиме!

31460887_shar planina popova sapka mountain biking30420868_shar planina popova sapka mountain bikingIMG_20180430_083908_shar planina popova sapka mountain biking (2)IMG_20180430_083908_shar planina popova sapka mountain biking31466782_shar planina popova sapka mountain biking

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки