По интензивните врнежи од снег што ги зафатија планините низ Осоговијата повеќе села се отсечени од цивилизацијата. Членовите на планинарското друштво Осогово организираат акција со цел да им помогнат жителите од овие села, претежно стари и изнемоштени луѓе од кои повеќето се болни и им е потребна помош.
„Расположени сме да испешачиме повеќе од 30 километри за да им ги доставиме продуктите и лековите кои им се потребни за секојдневните терапии“ објави Тошо Антов, член на планинарското друштво Осогово.
Потребни се производи како супи, макарони, зејтин, сол, како и лекови (Аналгин, Кафетин, Парацетамол, витамини…).
Секој кој има желба да донира некаков производ, лек, или пак парични средства, тоа може да го направи на трансакциската сметка 240130000288258 Уни Банка, или да го контактира Тошо Антов на 078 270 724.
skimacedonia
