Сите оние кои прашуваа, лифтовите нема да работат. Ски центарот официјално ја затвори сезоната на 31 март. Овој снег е доволен и корисен за фрирајд само над 2000 метри каде се уште доминираат зимските услови.
Новиот слој на снег заради неговата поголема влажност е потенцијално опасен во лавинските зони на Кораб и Шара. Неделава ќе продолжи во сличен амбиент, претежно облачно со слаб снег, слаб до умерен ветар од северен правец. Дневните температури над 2000 м до 5°C.
skimacedonia



