Val d’Isere прв пат во кариера ќе отвори за летнo скијање
Иако Val d’Isere ги затвори своите лифтови за зимата 2017/18 овој месец, центарот повторно ќе отвори неколку лифтови за летно скијање на 3 јуни 2018 година. Додека скијањето на глечерите продолжува стандардно во јуни, ова е прв пат во 82-годишната историја некои од зимските патеки кои се веднаш над одморалиштето, повторно да се отворат летово.
Годинава снегот низ француските Алпи е феноменален, со фантастични кумулативи девет метри снег. Затоа и не е изненадување што центарот односно селото уште има повеќе од еден метар, а на повисоките места и над 2 метра снег.
Скијачките патеки ќе бидат отворени од 7 до 12 часот од 3 јуни до 13 јуни зависно од снежните услови кои сепак се далеку од идеални. А меѓу патеките кои ќе бидат отворени е и спустот од Светскиот куп во алпско скијање.
Центарот очекува дека ќе биде активен најмалку 2 недели додека не преовлада “нормалното” топло време и летниот амбиент. Снежните услови се уште се над просекот за ова време од годината, а периодов дури паднаа уште 30cm нов снег. Еден ден поминат во пост сезонскиот амбиент ќе чини околу 28 евра.
skimacedonia


