Минатата недела младата шампионка во фристајл скијање, естонката Kelly Sildaru (15) во Скопје во хотелот Мериот, ја подигна наградата за најдобар млад атлет според Европскиот Олимписки комитет. Таткото на Kelly кој истовремено е и нејзин тренер, изјави дека ова е големо изненадување и важен настан за неа и мило ми е што нејзините достигнувања се забележани од Европскиот Олимписки комитет. Kelly Sildaru доби трофеј, признание и 12.000 евра вредно школување.
Kelly Sildaru до свои 15 години собра повеќе златни медали на натпревари низ Европа и Северна Америка, освои два златни медали на winter x games во слоуп-стил (slopestyle) за 2016 и 2017 година како и златни и сребрени медали на натпревари во halfpipe, big air дисципините за 2015, 2016 и 2017 година.
При нејзината посета таа направи и свој видеолог од Скопје, еве ги нејзините импресии
skimacedonia
