Следи го настанот
Во среда на 31 мај, од 20 часот во киното Фросина, Младински Културен центар, ќе биде промовирана книгата, “Како го искачив К2” на Здравко Дејановиќ.
Отворање на промоцијата и предговор ќе има Г-н Живко Темелковски, како и проф. д-р Јовица Угриновски, по кое ќе следи излагање на авторот за книгата „Како го искачив К2“ проследено со кратки видеа.
Од денес, 28 мај 2017 година книгата “Како го искачив К2” по цена од 350 денари може да се купи во планиннарскиот дом Смрека на Попова Шапка, а од утре, понеделник и во аутдор продавницата Scout во Скопје. Книгата може да ја порачате на тел. 078 649 392
skimacedonia
