Многумина од нас сме виделе интересни снежни зданија, популарно наречени half-pipes, скокови, реилови, рампи и инсталации за акробации во стилот на “BigAir” “Slopestyle” кои веќе поодамна ги има низ познатите ски центри во светот каде што голем број на туристи аматери или професионалци вежбаат или се забавуваат на овие снежни масивни дела.
Можеби на почетокот се граделе во стил “кој како стигне” но денес со развојот и зголемениот интерес за ваквите паркови како туристички атракции, се појавија и специјализирани фирми чија основна дејност на работење се токму проектирање, изградба и одржување на вакви комплексни снежни градби. Овие големи снежни форми мобилизираат цел тим од дизајнери, инжињери, градежни машини, ратраци за снег и снежни топови со цел да се доспее прецизност ,постојаност на квалитет и безбедност.
Најпознат и најголем снежен парк од ваков тип е Мотолино паркот во Ливињо Италија, кој е најголем во Европа и привлекува бројни freestyle скијачи и бордери.
Кај нас во Македонија засега само во Маврово може да се забавувате на half-pipe просторот и забавни елеметни во текот на цела зимска сезона. Центарот од минатата година по долго време мирување го стави во употреба half-pipe просторот, долг околу 300 метри, каде што беа поставени забавни елементи. Дополнително можеше да се користи и big-air балонот на битолскиот сноуборд клуб SSNL кој исто така беше лоциран на ски терените кај Галички лифт.
Останатите ски центри немаат во континуитет активен простор за freestyle скијање и борд каде што сите заинтересирани би можеле да вежбаат или да се забавуваат на различни елементи.
Натпревари во слободен стил скијање и сноуборд, организирани од сноуборд клуб Полар и Скијачка Федерација, Маврово 2018
skimacedonia



