Започнаа проекциите на The Dawn Wall, а следува и REEL ROCK 13
Минатата недела, 70.000 луѓе низ Aмерика го погледнаа новиот качувачки филм The Dawn Wall на големото платно, а реакциите се огромни. За само една недела, The Dawn Wall стана еден од десетте најгледани документарни филмови на годината, а ова е само почетокот. Досега беше проектиран во Њујорк и Болдер, наскоро ќе бидат објавени и останатите проекции низ САД, а потоа и по други земји.
- „Прекрасно снимен, оваа привлечна приказна, најверојатно, ќе ја остави публиката возвишена и инспирирана, истовремено испитувајќи ги своите патувања и избори. Кои граници си ги поставуваме самите на себе си?“ – Марк Сауноконоко, 9 News
Интернационални проекции
The Dawn Wall е подготвен да се истркала и по кината низ светот. Томи и Кевин тргнаа на својата турнеја низ Европа, каде пред илјадници фанови ја добија главната награда и наградата од публиката на фестивалот Ladek Mountain Festival во Полска.
REEL ROCK 13 пристигнува во ноември
Овој ноември, REEL ROCK 13 започнува со проекциите низ светот! Подгответе се да го направите вашиот годишен аџилак на најголемиот патувачки филмски фестивал на планетава, бидејќи REEL ROCK повторно ќе биде прикажуван низ поевќе од 500 градови низ целиот свет. Претставувајќи ги најголемите приказни за качување и најлудите ликови, REEL ROCK 13 нуди четири нови филмови кои ќе ви го забрза пулсот и ќе ви ги испоти дланките.
Целосната програма на REEL ROCK 13 ќе ја објавиме многу скоро! Уживајте во оваа прекрасна сезона на качувачки приказни на големиот екран и останете возбудени.