Ски-центар „Копанки“
Ски-центар „Копанки“
Центарот е лоциран на почетни 1.420 метри, па преку жичницата и ски-патеката до планинарскиот дом Копанки на 1.610 метри и вториот дел од ски-патеката до 1.800 метри. Центарот во околината располага со повеќе сместувачки капацитети, ресторани, одморалишта и планинарски домови „Копанки“ на 1.550 м и планинарскиот дом „Големо езеро“ на 2.200м.
Настани
Настани
Природни убавини
Природни убавини
Планината се карактеризира со поголем број врвови и возвишенија повисоки од 2.000 метри, кои меѓу себе се раздвоени со длабоки долини. Највисок врв е Пелистер (2.601 м). Од релјефните облици на Пелистер, највпечатливи се т.н. камени реки. Тоа се наклони на релјефот, исполнети со блокови од карпи со различен состав. Со посебна природна привлечност се двете глацијални езера Пелистерски Очи – Големото и Малото Езеро. Богат е со растителен и животински свет, располага со автохтон вид петтоиглест бор молика, со терциерна старост, кој расте само на неколку планини на Балканот, на висина од 600 до над 2.200 метри.
Техничка опременост
Техничка опременост
Ски-центарот Копанки располага со реновирани двосед-жичницa и ски лифт: Бегова Чешма (хотел „Молика“), должината на постројката е 680 метри, почетната станица е на 1.420 метри, а крајната точка е на надморска висина од 1.610 метри, со капацитет за превоз на 500 скијачи/час. Копанки, ски-лифт должината на постројка е 580 метри, почетната станица е на 1.610 метри, крајната станица е на надморска висина 1.800 метри, со капацитет за превоз на 700 скијачи/час. Двете поголеми ски-патеки се комбинација од црвено-црна класификација, со просечен наклон од 35-38%, со комплетна должина од речиси 2.000 метри. Во рамките на детското одморалиште се наоѓаат три помали ски-лифта. Центарот располага со еден ратрак, постар модел Пистен Були (Kässbohrer PistenBully )240D, превземен од ски центарот Попова Шапка, дополнително на располагање е и еден приватен ратрак Пистен Були (Kässbohrer PistenBully) 170.
Во близината на Пелистер во Нижо Поле е и скијачкиот центар Стрежево, каде што постојат два ски-лифта, со должина од 750 и 820 метри. Центарот е реновиран, со проширени патеки, реновирано бачило, како и можности за ноќно скијање од сезона 2015/2016. Ски центарот се протега со базна точка на 1310 м до 1600м.
Сместување
Сместување
Хотелот располага со 17 удобни и ексклузивни соби, опремени со тв, фрижидер и бања со фен, централно греење и клима-уред. Комфор и убавина обединети во едно. Хотелот е отворен во текот на летото и зимата.
Спојот на дрво и мермер овозможува преку престојот во хотелот, секој посетител да ја почувствува топлината и душата на објектот во сите делови.
Хотелот располага со 54 соби (еднокреветни, двокреветни и трокреветни) и 3 апартмани, складно разместени на 4 нивоа со поглед на хоризонтот на источната страна и со поглед на планината на југозападната страна каде што во текот на целиот ден се осветлени со пријатното планинско сонце во сите временски сезони.
Сите хотелски соби се опремени со телефон, ТВ со сателитска програма, мини бар, тоалет и централно греење. Поголемиот дел хотелски соби располагаат со удобни тераси (балкони) каде што престојот претставува вистински предизвик за доловување на прекрасниот поглед. Капацитетот на хотелот од 112 легла разместени во еднокреветни, двокреветни и трокреветни соби е збогатен со 30 помошни легла и троседи, што комфорот на собата го доближуваат кон домашниот амбиент.
луксузна вила во планинското село Ниже Поле кое се наоѓа во близина на природниот парк Пелистер и во која можите да уживате во пријатен мир, внатрешен луксуз, чист воздух, прекрасна природа.
мала селска куќа, сместена на ридовите на 8км од центарот на Битола. Има своја ски-школа, сите соби се со бесплатен безжичен интернет и бесплатен паркинг. Собите во Вила Дихово се декорирани со локални резби и дрвенарија за да изразат чувство како дома. Гостите можат да уживаат во пространата градина која што го опкружува имотот или да ги откријат локалните ресторани и кафетерии во Дихово. Повеќето од планинарските патеки кон планинарскиот врв Пелистер почнуваат во Дихово.