Попова Шапка
Попова Шапка
Ски-центарот е доста атрактивен затоа што Шар Планина ја карактеризираат голем број врвови со над 2.500 м надморска висина.
Тука се наоѓа и еден од највисоките врвови во Македонија, Титов Врв (2.748 м). Ски-центарот располага со повеќе жичници и ски-лифтови, чија вкупна должина е 11.000 м, со капацитет до 8.000 скијачи на час. Вкупната должина на ски-патеките е околу 20 км, а скијачкиот простор се протега над 35 квадратни километри. Ски-центарот е оддалечен 65 км од Скопје, а со гондола во должина од 7 км е поврзан преку Тетово, но таа во моментов е надвор од употреба. Скијачките патеки се погодни за сите нивоа на скијање, од почетници до професионални фрирајд-авантури. Центарот располага и со три патеки според ФИС-критериуми, на кои секоја година се одржува меѓународниот Шарпланински куп во слалом и во велеслалом. Атрактивноста на центарот се гледа и во големите можности за фрирајд-скијањето и сноубордингот низ недопрените диви предели и пејзажи што се наоѓаат на двете страни од планината.
Настани
Настани
Шарпланинскиот куп, меѓународна ФИС-трка во слалом и во велеслалом, ФИС сноуборд куп.
Природни убавини
Природни убавини
На Шара се среќаваат над 200 ендемски растенија, што е највисок процент на ендемизам во Македонија. Застапеноста на фауната е исто така голема, со над 44 вида дивеч, од кои ги издвојуваме: рисот, срната, дивокозата, мечката и дивата свиња. Од птиците се издвојуваат повеќе видови орли, соколи и јастреби. Надалеку е познат шарпланинецот, кој е ендемски вид и гордост на Шар Планина и на Македонија. Посебна карактеристика на Шар Планина се т.н. Шарпланински Очи, кои всушност претставуваат голем број глацијални езера. Нивниот број е 25 постојни, 14 повремени и над 150 локви. Водниот потенцијал на овој масив е огромен и има над 200 извори на чиста изворска вода.
Шар Планина има голем број врвови со висина над 2.500 м. Титов Врв (2.747) • Мал Турчин (2.702) • Бакардан (2.700) • Пескови (2.651) • Чаушица (2.620) • Џинибег (2.610) • Бориславец (2.602) • Трапезица (2.599) • Црн Врв (2.585) • Голема Враца (2.582) • Езерски (2.580) • Казани (2.567) • Вртоп (2.555) • Син Врв (2.550) • Бистрица (2.540) • Кобилица (2.528) • Церипашина (2.525) итн. Шар Планина има огромен потенцијал за развивање на планинските спортови: скијањето, планинарството, алпинизмот, трекинг, планински велосипедизам, параглајдинг, спортскиот лов и риболов, а и можност за изградба на повеќе ски-центри.
Техничка опременост
Техничка опременост
Попова Шапка по бројот на ски-лифтови и жичници изгледа мала, но, реално, во однос на должината на патеките речиси доминира на Балканот.
Во однос на големите пространства за фрирајд распослани околу ски-центарот претставува вистински снежен рај за љубителите на екстремно и напредно скијање. Ски-центарот моментално располага со 5 ски-лифта, кои се оперативни и постојано во функција, 2 двосед-жичници со вкупна должина од 11 км, со висинска разлика од 1.600 до 2.400 м надморска висина. Должината на патеките е околу 20 км, а вкупниот скијачки простор покрива над 57 хектари. Попова Шапка располага со патеки за почетници, за напредни скијачи, за натпреварувачи во алпско скијање.
Ски лифтови:
Поток 1 – можност за ноќно скијање
Поток 2 – можност за ноќно скијање
Бабин извор (Аеродром)
Ајдучка рамнина (Ге)
Мал Јелак
Жичари двоседи:
Син Врв (Церипашина) х 3 FIS критериум патеки
Св.Илија
Гондола:
Тетово – Попова Шапка 7 км (не е оперативна)
Центарот е опремен и располага со моторни санки, 4-5 PistenBullyратраци од кои 2 се со кабини за пренос на скијачи за freeride низ околните врвови. Центарот во моментов не располага со снежни топови но ретко може да се појави вистински недостаток на снег барем за freeride
Планирани и тековни активности 2015-2016: во тек е изградба на вештачко езеро и набавка на топови кои ќе го опслужуваат ценарот. Инсталација на нова голема жичара шестосед која треба да носи до околните големи врвови на 2500-2600м како и дополнителни две нови патеки од врвот Церипашина 2525м во должина од 7 км, операции кои треба да го издигнат ски центарот на самиот врв на Балканот.
Сместување
Сместување
Хотелот располага со 35 пространи соби со високи стандарди, со подно греење, целосно опремена кујна, апарати и мебел кои се е со висок квалитет. Секоја соба во хотелот Scardus вклучува телевизор со кабелски канали и минибар.
Хотелот обезбедува различни погодности, вклучувајќи ноќен бар, ресторан, ски соби и соби за перење, простор за детска забава и затворена игротека, конференциска сала. Лоциран на Попова Шапка на 18 км од Тетово, се карактеризира со затворен базен, сауна, Турска бања, фитнес центар сето тоа бесплатно. Спа и велнес клубот се достапни со дополнителен надомест за сите посетители. Обезбеден бесплатен паркинг и wi-fi интернет.
Хотелот Scardus располага со ресторан кој служи различна вкусна локална и интернационална кујна и одлични вина во релаксирачка атмосфера и прекрасна околина.Без разлика дали сте во потрага за активен одмор, авантури, релаксација, семеен одмор или објекти за деловни настани, Scardus Хотел одморалиште е место за посета!
Хотел Сноу Патрол Лоџ
Хотелот е сместен во близина на ски центарот со прекрасен поглед на ски терените. Располага со паркинг, ресторан и добра храна со домашни и интернационални специјалитети, лаунџ бар со камин, тераса со панорамски поглед, конференциска сала, ски депо, можност за организација на скијање со ратрак. Соби со сопствено купатило, тв и интернет.Викенди исполнети со забава и бендови.
Раполага со 8 двокреветни, 3 еднокреветни соби и 5 апартмани. Главен фокус на сопствениците е функционалноста, топол и комфорен амибент. Целиот мебел е набавен од Швајцарија и хотелот се потпира на луксуз и задоволство за клиентите, квалитет не само квантитет.Сите соби се целосно опремени со lcd tv и слободни канали, бесплатен wifi интернет во целиот хотел.
Хотелот Славија е со “Б” категоризација и располага со 33 соби и 6 апартмани. Сите соби имаат сопствена бања. Хотелот располага со ресторан, тераса со прекрасен поглед на скијачките терени, конференциска сала, аперитив бар, тв сала, сервис за изнајмување на ски опрема, затворен базен, билјард и пинг-понг клуб и др.
Хотел Попова Шапка “Б” категорија
Хотел Попова Шапка “Б” категоризација се наоѓа покрај самите ски терени и располага со 53 соби. Сите соби се опремени со сопствена бања (двокреветни, трокреветни и четирикреветни). Вкупен капацитет 190 гости, хотелот располага со ресторан, аперитив бар, тв сала, диско клуб, продавница, сервис за ски опрема.
Хотелот е сместен во непосредна близина на скијачките терени, со прекрасен поглед на истите. Располага со ресторан со камин во кој се послужува национална и интернационална кујна, паркинг, аперитив бар и депо за скии. Хотелот ја поседува и најубавата тераса на Попова Шапка, од која се пружа поглед на целиот ски центар.
Капацитетот на хотел Арена е 90 гости сместени во 21 соба и 4 апартмани, опремени со ТВ со повеќе од 150 сателитски канали, сопствена бања. Секоја соба има тераса од која се пружа единствен поглед на ски центарот и скијачките терени.
Апартмани„Casa Leone“
Вистинското место за одмор и релаксација на падините на скијачкиот центар Попова Шапка.
Располага со 5 комплетно опремени апартмани (дневна и спална соба, балкон, фрижидер, купатило, ДВД, Wi-fi, Dreambox TV), а еден од апартманите има и целосно опремена кујна. Апартманите се наменети за 5-6 лица.
Во ресторантот можете да пробате секакви специјалитети! Со оглед на тоа што газдарицата е Германка, а нејзиниот сопруг долго време работел во Италија, за време на Вашиот престој ќе можете да се разберете на албански, англиски, македонски, германски и италијански јазик, а и да пробате различни специјалитети од повеќе кујни.Ве очекуваме на местото каде можете да се релаксирате во убава атмосфера на преубавата Попова Шапка.
Приватно сместување
Викендица на Попова Шапка 078/337-100 : 078-263-310
tweet
I see you don’t monetize your blog, don’t waste your traffic, you can earn additional bucks every month.
You can use the best adsense alternative for any type of website (they approve
all websites), for more details simply search in gooogle: boorfe’s
tips monetize your website
I have noticed you don’t monetize your website, don’t waste your traffic,
you can earn extra bucks every month because you’ve got high quality content.
If you want to know how to make extra bucks, search for:
Ercannou’s essential tools best adsense alternative
…………..