Маврово

LogoMavrovo

Маврово – Ски центар Заре Лазаревски“

Маврово – Ски центар Заре Лазаревски“

Почетоците на ски центарот датираат од 1964 кога се изградени првите стази под едносед и двосед жичарите.  Основан од Заре Лазаревски чие име денес го носи ски центарот. Сместен на падините на Бистра на 1240м надморска височина на бреговите наМавровско езеро и е дел од Националниот парк “Маврово”.

Mavrovo
Orientation map

Центарот е еден од најживописните и најпривлечни ски центри во Македонија распослан на планината Бистра. Центарот располага со бројни уредени патеки за пешачење и планински велосипедизам. Регионот располага со повеќе хотели од различни категории како и мали населби во с.Маврово, с.Леуново, Никифорово, Маврови Анови кои го опкружуваат Мавровско езеро каде што има голем број на викендици и планиниски куќи каде може да се најде евтино приватно сместување и кои допринесуваат да има туристи во текот на цела година, а е одалечен само 100 км од главниот град, Скопје. Ноќите може да ги поминете во неколкуте ресторани и клубови во близина на ски центарот како и во околината на Мавровското езеро.

Старата црква Св.Никола, Маврово

На територијата на паркот посебно на планините Кораб (2764м), Бистра(2163 м), Стогово (2318м), Крчин (2.341 м) постојат идеални услови за турно скијање- freeride skiing кое што е хит во светот.

Мавровско езеро

Националниот парк “Маврово„ работи на обезбедување на идеални услови за туристите кои ќе ги користат овие патеки во иднина, а воедно истите ги промовира на повеќе значајни саеми ( на почетокот на 2011г. беа посетени меѓународните саеми за туризам во Берлин, Истамбул и Тел Авив). Моментално во соработка со Македонската асоцијацијата на професионални водачи во планина се подготвува екипа од 10 локални професионални водaчи кои ќе ги услужуваат туристите кои ќе бараат вакви услуги.

Настани

Настани

Главни настани кои се организираат се:

– Мавровски меморијал, меѓународен натрпевар во нордиско скијање

– Хуманитарен аматерски велеслалом, кој повеќе 12 години со ред се оддржува во Маврово

-Снежен град

-Европски куп во сноуборд

– Национални и меѓународни натпревари во слалом и велеслалом

– Светскиот ден на снегот, кој е под директна организација на Меѓународната Скијачка Федерација, а во кој активно учество има и Скијачкиот центар во Маврово чија долгорочна определба е секоја година да зема учество и ги проширува активностите околу овој настан.

Сноуборд куп

Природни богатства

Природни богатства

Долината на длабока река и Корабски водопади

Ски центарот е во рамките на националниот парк “Маврово” во чии рамки спаѓаат најатрактивните планински региони, меѓу нив и планината Кораб која е највисока планина соповеќе врвови над 2700 метри. Регионот располага со изобилство набистра вода, пејсажи, шума, височини и водопади на масивот Кораб, каде се наоѓа и голем водопад висок околу 130 м. Националниот парк е богат со флора и фауна, многу диви кози, срни, елени, диви свињи, мечки, рисови, волци, лисици, речна пастрмка итн.

Жужње, Кораб

Прекрасното Мавровоско езероопколено со високи и убави планини, нуди одлични можности за туристите кои ќе одлучат зимскиот одмор да го поминат тука.Широките ливади и чистите изворски води се привлечни за планинарски тури, кампување, планински велосипедизам и други видови рекреација. Од локалните врвови најдостапен е Меденица (2160м) највисокиот врв на планината Бистра во близина на центарот.На само три до четири часа лесно пешачење од центарот “Заре Лазаревски” до кој се пристапува по ски патеките, преку патотконселото Галичник,  покрај малите езерца и висорамнина на областа наречена Тони Вода, ќе можете да го забележите врвот Меденица, а за поголем адреналин на располагање е масивниот Кораб 2764м.

Мавровското езеро пак е вештачко акумулационо езеро на 1240 м заобиколено со асфалтен пат по целата негова должина од околу 24 км со максимална длабочина од 50 метри во пределот на браната. Езерото е атрактивно посебно во летниот период за скијање на вода, пливање, спорстски риболов.

Технички податоци и опременост

Технички податоци и опременост

Mavrovotehnicki

Ски центарот Заре Лазаревски располага со следниве перформанси:

– Скијачката сезона започнува од почетокот на декември и трае до почетокот на април

-Единаесет ски-лифтови и три жичници со вкупна должина од 5.700 м. и капацитет од 11.100 патници на час.

-Можност за скијање на висина од 1.255 до 1860 метри надморска височина

-Професионална подготовка на патеките со помош на 6 ратрак машини

– Направена е half pipe стаза од околу 900 м за snowboarding

-Должина на скијачките патеки под жичниците околу 5.000 м. а должина на ски лифтовите е 10.000 м.

– Стазите се со FIS сертификати за слалом и велеслалом, осветлени и озвучени за ноќно скијање од 19 ч. до 22 ч.

– Две машини, топови за снег статичен и мобилен

-Кафе барови (бачила) долж ски патеките на планината Бистра

-Ски патрола, амбулантна моторна санка и други моторни санки, машина за правење вештачки снег

-Ски сезоната може да започне во ноември и да заврши најдоцна до април

-Ски школа во која работат врвни ски инструктори

-Електронска –автоматска евиденција на ски карта

-Скијачки рути за алпско скијање

-Патеки за почетници, за напредни скијачи, за натпреварувачи во алпско скијање

-Просечна снежна покривка – 70 см.

Leitner LH500

Ски центарот нуди одлични услови за љубителите на сноубордингот и многу услови за скијање на различен начин како крос- кантри патеката “Мирна долина„ долга 7.5 км или користење на 30км долгата патека на која се одржува мавровскиот комеморативен турнир (слободен стил). Ски центарот организира и меѓународни натпревари во слалом и велеслалом, сноубординг и др.

Сместување

Сместување

Хотел Радика Леуново 5* Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк “Маврово”, Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.

Хотел Бистра Маврово 4* Хотелот Бистра е сместен во подножјето на планината Бистра, близу до Мавровското езеро и три жичари, кои водат до прекрасните скијачки терени. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година. Хотелот поседува 118 кревети во удобно уредени соби со џакузи кади и тушеви, телефон и ТВ. Нашиот ресторан нуди богат избор на исклучителни специјалитети, морска храна и традиционални национални јадења.

Хотел Алпина Маврово 4* – Во средината на прекрасен пејзаж на Маврово, хотелот “Алпина” е најудобен 4* хотелизграден во планински стил, според сите современи стандарди. Тој нуди идеални услови за активен одмор, рекреација и забава за сите возрасти, во текот на целата година. Модерен и удобен хотел “Алпина” се наоѓа во средината на туристички центар Маврово, само неколку стотини метри од жичарите.

Хотел  Срна 3* – Хотел кој секогаш бил раководен од иста фамилија, која го има имплементирано цел свој ентузијазам и посветеност за да ги задоволи гостите на најдобар можен начин. Лоциран во подножјето на Бистра, покрај брегот на Мавровско езеро, на 1250м. Хотелот располага со 30 соби и апартмани, со телефон, тв и приватен паркинг.

Хотел Лоџ 3*  Хотелот е сместен во срцето на ски центарот Маврово, неколку метри од трите жичари.Хотелот располага со 34 кревети во 15 добро уредени соби, опременни со приватна бања, спа бања, директна телефонска линија и сателитски ТВ прием. Хотелот Лоџ ги нуди сите услуги на хотел во луксузен скијачки центар.

Хотел Спорт 3* Хотелот Спорт се наоѓа во спортскиот центар на селото Маврово, во близина на Мавровското езеро и претставува централна точка од која можете да ги започнете вашите дневни активности. Хотелот Спорт се состои од две згради со 28 Делукс гостински соби, 4 апартмани, ресторан и бар. Сите соби се опремени со приватна бања, сателитски ТВ приемник и директна телефонска линија. Хотелот обезбедува најповолно сместување во ски центарот Маврово, преку целата година.

Хотел Макпетрол 3* Хотел Макпетрол Маврово е лоциран на падините на Бистра во близина на ски центарот Заре Лазаревски на 1300м . Нуди пријатни услови за зимски и летен одмор и рекреација. Хотелот располага со 40 соби и 2 апармани. Поседува свој приватен паркинг и простор за складирање на скии. Хотелот има ISO 22000:2005 и HACCP сертификати.

Хотел ТЦЦ Плаза 3*  Хотел со пријатна атмосфера на 10 минути од ски центарот Заре Лазаревски Маврово, располага со национален ресторан и убава тераса која има прекрасен поглед кој гарантира моменти за уживање. Нуди стандардни и супериор соби и прецедателски апартман.

Хотел Фершпед Маврово 2* Мал планински хотел со удобна и пријатна атмосфера, хотел со 20 соби украсени во рустикален стил. Хотелот се наоѓа на дофат на ски-терените и во непосредна близина на Мавровското езеро.

Хотел Калин Лазарополе е традиционален хотел во мијачки стил кој креира топла и уникатна атмосфера. Хотелот има 16 комфорно и вкусно уредени соби. Секоја соба поседува бања, телефон, тв и други услови за престојот да биде комплетен.

Ski Hut Gorica – посветена на скијачите, планинарите и авантуристите, 12 кревети распределени во 3 удобни и топли соби. Прекрасен амбиент, тераси и поглед на езерото и врвовите кон Сандакташ. Домашен пријатен амбиент каде имате на располагање заедничка кујна во која може да приготвите разни вкусни јадења од шумата. Дополнително на располагање отворено огниште (скара), ски депо, простор за камп. Хостелот обезбедува и изнајмување на велосипеди, водење во планина, турно скијање, качување на карпи.

 

 

 

funpage

13 коментари

  1. Zdravo decki
    Nekoj da mi pomogne so info za snowboard instruktori?
    Fala

  2. Маринела

    Здраво!Да прашам колку е ски лифтот за возрасна личност и за дете на возраст од 14 години?

  3. Dali znaete kolku pari e ski passot I iznajmuvanjeto n’a skii komplet za edna nedela

  4. Koi se cenite za sezona 2016/2017 dnevni, poludnevni, detski za skijaci i neskijaci… nema pokonretno info, MOZE? Blagodaram odnapred.

  5. postovani
    Mozam samo da se pozalam na vaseto rabotenje kaka mozete da prekinete so rabota koga ima sneg vo izobilstvo
    se zalevme nema sneg nema sneg , a sega ima a vie ste prkinale so rabotata .Sto ke kaze gospod na ova .
    Videte Popova Sapka se uste raboti ke iskoci deka tie se popametni od vas.
    Pozdrav

  6. Kako e rabotnoto vreme vo Mavrovo, dali ima razlika vo rabotnoto vreme za vikend i za rabotnata nedela?

    • Здраво жичарите и ски лифтовите стартуваат со работа секој ден од 8:00 до 16:00 часот и нема разлика дали е викенд или работен ден.

  7. dali ima denes nokno skianje na mavrovo !!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки