REEL ROCK по 13 пат
По 13-ти пат, REEL ROCK и оваа година нуди акција од која ќе ви падне вилицата, емотивни духовни патувања и многу хумор, во новата колекција на најдобрите качувачки филмови за годината. Од олимписките центри за обука до замрзнатиот пејсаж на Антарктикот, истражете го најдоброто во качувањето со четири нови филмови заедно со Адам Ондра, Маделин Соркин, Алекс Хнодол, Конрад Анкер и многу други. Филмовите од кои ќе ви сопре здивот се следните:
QUEEN MAUD LAND
Тимот од соништа од шест елитни качувачи планира експедиција на една од последните големи качувачки граници: далечните замрзнати кули на Антарктикот. Џими Чин и Конрад Анкер се справуваат со новата рута на Улветана од 1100 м.; Савана Куминс и Ана Пфаф се качуваат на исправената Холтана; додека Алекс Хонолд и Сидар Рајт прават застрашувачки и смешен блиц на 13 различни шпицови низ леденото поле, вклучувајќи една должина што Хонолд ја нарекува „најстрашата што некогаш сум ја водел“. Queen Maud Land – името на овој леден регион – ја прикажува зашеметувачката, ретко посетена дивина, но и страдањето и визијата потребни за да се искачиш на дното на светот.
Режија: Taylor Keating and Cedar Wright
Учествуваат: Conrad Anker, Jimmy Chin, Savannah Cummins, Alex Honnold, Anna Pfaff, Cedar Wright
ДОЛИНАТА НА МЕСЕЧИНАТА
Вади Рум, познат уште како Долината на Месечината, е огромен пејзаж на песочни ѕидини во пустината на Јордан. Во надеж дека ќе привлечат интернационални качувачи, двајца израелци се екипираат со локален бедуински водич за воспоставување рута од 600 метри, за потоа да ја регрутираат американската качувачка Мадалеин Соркин за да им помогне во остварувањето на нивниот сон. Долината на Месечината ја истражува важноста на качувањето како начин да се преминат културните бариери, гради пријателство и да се јури авантурата во еден од најнеобичните региони на Земјата.
Режија: Henna Taylor
Учествуваат: Madaleine Sorkin, Eliav Nissan, Mohammad Hussein, Elad Omer
СЀ Е ВО БРЗИНАТА
Кога беше објавено дека качувањето ќе биде дел од Олимписките игри 2020, беше тоа монументална прилика за овој спорт. Но, многу качувачи беа шокирани кога требаше да прифатат дека еден од трите комбинирани настани потребни за да се натпреваруваат за медал е… брзинско искачување. Дописникот на REEL ROCK Захари Бар се осврнува на оваа малку позната и ретко практикувана субдисциплина на спортот и улогата што ќе ја игра во обликувањето на иднината на качувањето. Патувањето на Бар од САД во Франција (родното место на современото брзинско искачување) до Јужна Азија (таму е навистина популарно) кулминира со меѓународен натпревар во Москва, каде брзинските демони се тркаат на ѕид од 15 метри за помалку од шест секунди.
Режија: Sender Films
Учествуваат: Claire Buhrfeind, Reza Alipour, John Brosler, Margo Hayes, Max Hammer, Stanislav Kokorin
ВРЕМЕТО НА ОНДРА
Од време на време ќе се појави спортист кој ќе го редефинира спортот. Адам Ондра, 25-годишната чешка дробилка, истражува нова сфера на човечкиот потенцијал во качувањето. Кон крајот на минатата година, тој воспостави референтна точка за спортот; 5.15d во Норвешка која ја нарече Тишина (како во фрлањето на микрофонот). Низ ова искачување, го следиме Адам од својот дом во Чешка, низ цела Европа, па се до Северна Америка, како иновира нови методи за тренинг, воспоставува врвни први искачувања и се обидува да биде првиот човек кој ќе качи 5.15 од прв обид. Времето на ондра е ретко, интимно патување, со еден од најголемите спортисти во врвот на своите сили.
Режија: Big UP Productions
Учествуваат: Adam Ondra