24-25.01.2015
Баба Планина – врв Пелистер 2601 м.н.в – Големо Езеро 2218 м.н.в
Дводневна планинарска акција , старт со организиран превоз на 24.01.2015 година во 04:00 часот од паркингот пред поштата кај нова железничка станица. Пристигнување во националниот парк Пелистер 1400 м.н.в од каде започнува и пешачењето до врв Пелистер 2601 м.н.в. Пешачење по стандардната патека покрај ловечката куќа, патеката е средно тешка и се пешачи до врвот 5-5,30 часа, се совладуваат 1201 м. надморска висина. По пристигнување на врвот ке направиме кратка пауза и од таму ке се упатиме кон планинарскиот дом Димитар Илиевски – Мурато кој се наоѓа покрај големото езеро на Пелистар на 2218 м.н.в. пешачење од врв до домот 2.30-3 часа.Пристигнување во домот и нокевање.
25.01.2015 година 10-00 часот старт од планинарскиот дом кон с.Ниже Поле 1250 м.н.в. пешачење 3.30-4 часа, пристигнување и поаѓање кон Скопје.
Турата е кружна . Не се враќаме од појдовната точка.
Потребна опрема и услови : Психофизичка подготвеност за наведеното пешачење во зимски планинарски услови, удобен ранец, високи зимски добро разгазени планинарски чевли, дерези, гамашни, зимска топла облека која заштитува од ветер и дожд, зимски ракавици и капа, очила или маска за заштита од сонце, планинарски стапчиња, челна батерија, храна и пијалоци си носи секој сам. Напомена: за влез во Националниот парк Пелистер се наплатува билет по учесник.
Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
Бројот на учесници ограничен за планинарската акција и е 18 члена.
Цена :
900 ден – превоз и ноќевање – подоле ќе биде напишано однесување во планинарскиот дом, што мора да се почитува без исклучок
Организатор: Дејан Доневски I Love Hiking – Group Macedonia +389 71 212 808
Водич: Атанас Стојковски ПК ,,Еделвајс,, +389 76 70 70 10
skimacedonia
