Голем настан, голема трка, во Кицбил сите доаѓаат да видат и да бидет видени. Овој викенд на програмата од Светскиот куп во Алпско скијање е супер адреналинскиот спуст во Кицбил, Австрија. Мажите на патеката Стреиф ќе се пробаат кој е најхрабар во Сабота, 24 Јануари. Трката е закажана во 11:45 а ќе може да ја следите на Еуроспорт. Патеката ја карактеризираат големи стрмнини и брзини над 140 км на час, рекордот на патеката го држи Фриц Штробл 1:51:58.
На програмата во петок и недела се и слаломските и супер велеслаломските трки. Жените ќе се борат во Ст Мориц во спуст и супер велеслалом.
skimacedonia
