Жичницата на Водно следната недела нема да работи

Vodno view (6)

Жичницата на Водно нема да работи, во период од 13 до 17 јуни, заради редовен годишен сервис, најави ЈСП Скопје.
Во овој период ќе се вршат редовни годишни сервиси на жичницата, што значи контрола на целокупниот систем. Ќе менуваат масла на редуктор и филтрирање, ќе се менуваат и филтрираат масла на системот за кочење и помошниот погон, на системот за затегнување, ќе се менуваат гумени облоги на металните тркала на почетната и последната станица и по столбовите, и ќе се проверуваат четкичките на главниот мотор.

Цената на картата е 100 денари, а за деца од 6 до 14 години 50 денари.

Висока сезона ( летна) – од Април до Септември
Работно време од 10:00 – 20:00. Понеделник е неработен ден.
Ефективно работно време:

10:00 – 10:30 часот
11:00 – 11:30 часот
12:00 – 12:30 часот
13:00 – 13:30 часот
14:00 – 14:30 часот
15:00 – 15:30 часот
16:00 – 16:30 часот
17:00 – 17:30 часот
18:00 – 18:30 часот
19:00 – 19:30 часот

Во 19:45 часот е последно враќање надолу.
Жичницаата не работи воопшто во последниот вторник во Месецот заради технички преглед.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки