Следи го настанот
Отворена организирана тридневна тура на планината Олимп и Eгејското море со престој во Лептокарија.Турата е за сите категории на уживатели, горниот дел на Олимп врвот Митикас е само за поподготвените, додека врвовите Скала и Сколио се за сите хајкери. Дружбата во Лептокарија е во студија на мотелот Диос кој е на 10 метри од плажата.
Искачување на планината Олимп е со почеток од пред месноста Приони на висина од 1110 мнв. До планинарскиот дом Гисос Апостолидис има 11 км во правец и висинска разлика од 1587 метри за кој имаме цел ден.
Програма:
Тргнување од пред Пошта 2 Железничка станица во 05:00 часот на 17 јуни петок (неработен ден) . Пристигување пред Приони. Пристигнување во домот, целодневни активности, залез на сонце.
18 јуни -рано наутро, изгрејсонце, поаѓање под Стефани и пристигнување на врвот Скала. Поставување на сигурносни јажиња за Митикас – искачување . Остатокот одат до Сколио ( кој не е за Митикас )
По симнувањето групата се соединува и заедно се спуштаме од другиот дел на планината кон автобусот.
Пристгнување во Лептокарија – сместување во студиа по 3- 4-ца (студијата се со туш и кујна)
Слободни активности – бањање во Егејско море и посета на таверни.
19 Јуни – плажа и уживање, во 19 часот собирање и тргнување кон Скопје.
Храна:
Од ранец, суво овошје и 1,5 л. вода
Опрема:
За планината: облекување во слоеви, јакна, капа, ракавици, планинарски чевли.
За Лептокарија : пешкир и костим за капење.
Во автобусот можете да си оставите се што сакате за да се пресоблечете подоцна.
Превозот е организиран со мини автобус, предност имаат тие на кои им ја знаеме психофизичката спрема.
Пријавување најдоцна до четврток 15-07-2016 год.
Цена: 50 евра
Место има само за 20 луѓе.
Побрзо пријавување и плаќање ќе овозможи подобра организација.
Плаќање :
Алекс (070-382 751 ) Од католичка црква до Ѓорче Петров
Хари (077-743 599 ) Драчево – Киесла вода – Центар
Дејан ( 071-212 808 ) Ново Лисиче- Лисиче- Аеродром
Патничко осигурање си вади секој сам.
Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите. Во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведените планинарски акции се организирани и движењето ќе се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
Важно !!!
П.С. Доколку има нови информации истите ќе бидат истакнати на ивентов.
Aко не пробате нема да знаете / што другите зборуваат не важи за вас.
skimacedonia
