Почнаа градежни активности за најавениот шестосед на Попова Шапка

На Попова Шапка започнаа градежни активности околу долго најавуваните ски лифтови, во случајов станува збор за инсталација на нов шестосед лифт. Должината на трасата ќе биде  околу 1.200 метри, капацитет за транспорт на скијачи е 2.400 скијачи на час, а максималниот 3.200 скијачи на час.  Шестоседот беше првично најавуван дека ќе поаѓа од основата на ски лифтовите Поток 1 и 2 (поранешнен Тетекс), но сега ќе се гради на локација од Мал Јелак до врвот на ски лифтот Ајдучка Рамнина (поранешно Ге). Во првичните најави за инвестициите и мастер планот за развој на ски центарот Попова Шапка беше наведено дека по должината на оваа жичарница ќе се оформат три патеки со должина од 5000 метри.

Според моменталната поставеност на шестоседот се отвара можност за прескокнување на возењата на лифтот Аеродром, Ге и Мал Јелак и подинамично крстарење во оваа зона на скијање, но останува нејасно зошто ваков шестосед со голем капацитет ќе биде позициониран овде, а не на првично најавуваната локација кај лифтовите Поток 1 и 2.  Во тој случај оваа шестосед жичница би покривала и опслужувала уште поголема зона на скијање и би го намалила времето и рутата на скијачите кои би сакале да скијаат на потегот од горната станица, преку патеката Срт Јелак кон стартот на Поток 1 и 2.

shestosed lift popova sapka

13606697_ski lift oprema shestosed popova sapka
Фото Casa Leone Apartments
136097_ski lift oprema shestosed popova sapka
Фото Casa Leone Apartments

За skimacedonia

Еден коментар

  1. Сулејман

    Жичарата ТЕТОВО – ПОПОВА ШАПКА ако не се ревитализира, другите ќе останат само шминка. Но за жал по се изгледа во догледно време нема ни да започне такво нешто а мене ми остануваат помените од детството и способността за раскажување на начинот на работа и колку сме биле задоволни од неа…. Пошто е во ингеренциите на централната власт, нека им служи на чест.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки