Загина еден од работниците кои денес работеа на пробивање на Галички пат

Голема несреќа се случи вечерва на регионалниот пат кон село Галичник во месноста Царевец. Загина еден од возачите на машините кои го расчистуваа патот кон село Галичник. До несреќата дошло кога една од машините при движење наназад го зафатила и прегазила лицето Г.Т. кое во тој момент асистирало на расчистување на патот. Екипите на МВР и инспектори за труд и заштита при работа вршеа увид, а детали ќе бидат дополнително изнесени во текот на утрешниот ден.

Патот кон село Галичник се уште не е прооден заради големите наноси на снег токму кај месноста Царевец која е критична точка, каде во текот на зимата се создаваат големи наноси на снег.

Фото 29.04.2015

Galicnik Bistra Carevec

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки