Љуботен 2015: “Опуштено, за Јовка”
Наменето за: Семејства со мали и големи деца + авантуристи, планинари, планински велосипедисти, параглајдерсити и сите кои ја сакаат планината.
Локација и датум: 16 и 17 мај; Планинарски дом Љуботен
Степен на подготвеност: лесно до многу лесно.
Опрема: топла облека, вреќа за спиење.
Викендот, кој почнува во сабота 16.05.2015, скокнете ја Зоолошката, градското кафе или ручекот со пријателите и дојдете во природа на само 40 км. од главниот град.
Инспирирани од човекот кој страствено ја сакаше планината и дружењето во природа, а кој за жал не напушти прерано, решивме да се собереме во планинарскиот дом Љуботен и да се потсетиме на вредностите и ликот на Јован Дамчевски – Јовка, а во исто време да поминеме викенд во природа, да се дружиме, играме, пееме, качуваме врвови и да поминеме квалитетно време со нашите деца и семејства на чист воздух. Под мотото „Да ја приближиме планината до нашите деца“, а инспирирани од силата и убавината на природата и водени од желбата да ја промовираме идејата дека дружењето во планина е семејна активност за која треба посветено да се залагаме, група другари, другарки и роднини на Јован срдечно Ве покануваат на планинарско дружење, на кое покрај пасионирани планинари, точкари, турно скијачи и слични nature lovers, сакаме да видиме и многу дечиња и семејства, за кои, пак, имаме специјално подготвена програма и настава во природа со менотри.
Подгответе си го ранецот, понесете реквизити за игра (фризби, топка, ластик, рекети…), соберете си ја фамилијата и се чекаме во домот на Љуботен кај Митко за да ја споделиме енергијата на Јован и да започнеме една традиција која ќе ги негува овие универзални вредности.

Датум: 16 и 17 мај
Програма:
Сабота 16.05.2015
08:00 часот – поаѓање од Скопје према Старо село (Општина Јегуновце)
09:00 часот – поаѓање од Старо село према планинарскиот дом Љуботен, при што за децата и оние кои се осеќаат неспремни да пропешачат час и половина ќе биде организиран превоз со теренски возила до домот. Патот од Старо село до Љуботен е практично прошетка низ шума, нема стрмнини, се оди по макадам пат.
10:00ч – 12:00ч – пристигнување и сместување во домот, слободни активности околу домот.
12:00ч – 14:00ч – Специјална едукативна програма за најмалите каде преку игра ќе ги учат вредностите но и опасностите на планината, но и како да се чува и негува природата.
14:00ч – 18:00ч: Ручек, играње со децата и опуштено дружење.
18.00ч – неопределено – забава во и пред домот со акустична жива музика од и со пријтелите на Јован.
Недела 17.05.2014
08:00 часот – Планинарска 6 часовна тура од домот до врвот Љуботен (2499мнв) за оние кои сакаат да качат го качат симболот на Скопје во чест на Јован Дамчевски. Обезбеден водич. За останатите лесна прошетка на околните ливади и шума.
15:00 часот – симнување према Старо село и поаѓање кон Скопје.
Дополнителни информации:
Храна: Домот ќе понуди храна и пијалок за присутните по прифатливи цени. Секој може да си понесе и сопствена храна.
Спиење: Домот нуди 30 легла распоредени во 3 простории (една со 12 легла, и две со по 8 легла) за што приоритет за легло за спиење имаат децата. резервации според принципот – кој прв се пријави. Домот има сопствено греење на дрва, но важно е да се понесе и чиста постелнина или вреќа за спиење. Оние кои сакаат, околу домот ќе може да си постават шатори за преноќување.
Превоз: индивудално, а организаторот има обезбедено 4 теренски возила што ќе обраќаат од Старо село до Домот, во сабота претпладне и во недела попладне.
Донации: добредојдени се донации со цел настанот да продолжи да се одржува секоја година. Ве молиме контактирајте ги организаторите за информации.
Благодарност до: Сите што ни сметаат дека вреди да се поддржи и бори за идејата „повеќе време поминато во планина“.
Забелешки и битни информации:
Во случај на лошо време, организаторот го задржува правото да го одложи настанот најдоцна 24 часа пред самиот почеток. Доколку имате било какви прашања во врска со организација, логистика и поддршка, ве молиме обратете се во секое време на емаил кај:
Филип Нелковски; filip.nelkovski@gmx.at, мобилен 071 499 000 и кај
Коста Ивановски; kosta.ivanovski@gmail.com,
За подобро планирање на настанот, и за ваша корист, битно ни е да го знаеме од прилика број на пријавени. Ве молиме пријавете се на Facebook или преку емаил порака.
skimacedonia