Во австрискиот ски центар Ischgl казна за носење ски чевли навечер

ischgl-alamy-b9h9e_3138796a-large-alps

На големо чудење на јавноста, градоначалникот на атрактивниот австриски ски центар Ischgl познат по своите афтер ски забави, каде гостите имаат навика да “улетуваат” директно со скија среде подиум во дискотека, воведе забрана за носење на ски чевли и опрема после 20 часот навечер. Доколку биде уловен некој скијач или бордер небањат, облечен уште од сабајле во скијачко во некој бар или на улица со ски опрема ќе биде казнет 2000 евра. Ова можеби е чудно, но одлуката е донесена превентивно,  заради многуте повреди кои се случуваат кога гостите поднапиени треба да се вратат во своите хотели, каде попатно во обидот да стигнат до својот кревет, често завршуваат со повреди и скршеници.

apres-ski-cheers-glasses-large

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки