
Словенската влада преку 40-годишна концесија одобри изградба на нова гондола за унапредување на капацитетитe во Крањска Гора, каде во најскоро време би можело посетителите да се возат до врвот на Витранц на околу 1600 метри. Инвестицијата чини меѓу осум и десет милиони евра, а покрај приватен концесионер, делумно е финансирана од државата и околните општини. Треба да бидат достапни 22 до 25 кабини за 10 лица, а капацитетот на жичарницата би достигна до 1000 луѓе на час. Долната станица ќе биде сместена близу центарот на Крањска Гора.

Во моментов највисоката точка на ски-центарот е на 1295 метри. „Гондолата до врвот на Витранц на 1600 метри, ќе му обезбеди на нашиот скијачки центар нова димензија на скијање и други активности на отворено“ изјавија одговорните од центарот.
Се очекува дека гондолата би можела да биде оперативна веќе во 2020 година.
Во близина на ски центарот се наоѓа и познатата ски скокалница Планица.
skimacedonia