Пристигна и 52от октомври за ново издание на Светскиот куп во Алпско скијање. Веќе осумнаесетта година по ред австриски Sölden е домаќин на првата трка во календарот од натпреварите во најелитното друштво на супербрзите спортови каде цела комуникација е во стотинки и десетинки, каде секое кило повеќе или кило помалку ќе ве донесат понапред или поназад, каде брзината и прецизноста треба да бидат одработени над 100% за да помислите да конкурирате за подиум. Спорт во кој единствено човечкиот индивидуализам влијае на успехот да се биде пред сите или да се одбере место во публиката.
Оваа сезона се очекува да помине во знакот на ѕвездите од минатата година, без поголеми изненадувања. Каде најголеми претенденти за првите места се Марсел Хиршер кај мажите и Михаела Шифрин кај жените во 38 женски и 41 машки трки
На патеките по повредите се враќаат конкуретниот Феликс Нојројтер како и словенката Илка Штухец.
Останува да видиме што ќе прави друштвото составено од Кристоферсен, Свиндал, Доминик Парис, Пинтораул, Михаел Мат , Фојц кај мажите и кај жените Влхова, Вајрајтер, Брињоне, Лара Гут , Линдси Вон која воедно ќе ги дружи на својата последна сезона во обид да собори уште некој рекорд.
Од најблиските патеки во регионов на располагање за посета ќе ни бидат, трките во Марибор, Крањска Гора, Сљеме над Загреб и патеката во Банско Бугарија. Но никој не ви брани да седите и во ложата во Кицбил, Венген, Шладминг и да ве фаќа еуфорија од вртоглавите брзини и стотинки кои ќе бидат врежани и ќе остават белег на новата сезона. 🙂
skimacedonia


