Француската шампионка Worley го освои отварањето во Sölden

t53xh8pqwvkdgcpi873l fis

Машката трка откажана, снежната олуја засили во неделата, па остана само разлетаните реквизити од патеката. Но саботата беше пожива, а француската шампионка Worley го освои  Sölden, Shiffrin трета во велеслалом на  “опенерот”, првата трка од Audi FIS Ski Светскиот Куп.

Sölden

Tessa Worley ја освои првата трка од Светкиот Куп на отворањето на новата сезона во Алпско Скијање на велеслаломот во австрискиот Sölden. Француската двојна светска шампионка беше трета по првото возење, но продуцираше неверојатно брзо второ возење кое и го обезбеди нејзиниот 13ти триумф од Светскиот Куп, а прва победа во кариерата во Sölden.

Tessa Worley, која во 2018 година остана втора на ранг листата на Светскиот Куп во велеслалом по освојување на титулата во оваа дисциплина во 2017 година имаше импресивен перформанс на предизвикувачките услови во Sölden, на отворањето на Audi FIS Ski Светскиот Куп. Французинката ги нападна конкурентите во втората трка на стрмниот терен со постојани снежни врнежи и изби од трето место по првото возење на врвот на подиумот пред 10,000 публика.

Federica Brignone од Италија која пропушти цели 45 дена од летно скијање заради повреда на лигаментите на коленото од пад на тренинг во Zermatt и покрај скратениот подготвителен период, имаше најдобар резултат на правата трка но и импресивен втор круг со што си ја обезбеди втората позиција.

Севкупниот победник за 2018 на Светкиот Куп, Mikaela Shiffrin која редовно ја следиме на задоволство на публиката со второто возење го обезбеди подиумот. Кога ја прејде целта со најдобро време се очекуваше дека го обезбеди подиумот, но тогаш дојдоа предизвикувачите. Worley ја демонстрираше нејзината решеност да се натпреварува по разочарувачките настапи на Олимпијадата во Pyeong Chang со овој одличен старт во Австрија.

Патеката беше скратена заради лошото време, во првата трка Brignone постави најдобро време пред актуелниот шампион велеслалом Rebensburg. Worley заврши трета пред Shiffrin, а оваа четворка остана да ја предводи трката и по второто возење но во поинаков редослед.

Лидерот од првиот круг Federica Brignone успеа со второ место да остане пред Mikaela Shiffrin. Италијанката сепак не можеше да го прати темпото на Worley. А Rebensburg заврши на четврто место и најави возбудлива сезона на трките против најдобрата светска скијачка зимава.

Условите не беа идеални за Mikaela Shiffrin, мазната и лизгава патека со слаба видливост, и грешката во една од капиите не ја запреа да се покаже и финишира на подиумот. Таа скијаше можеби и под своите можности, но доволно за да го превземе водството се додека Worley не се спушти со пребрзи 1:01.40.

Shiffin призна во неколку наврати дека нервозата повремено ја обзема и ја губи контролата. Таа работела со спортски психолог вон сезоната и последно што изјави на новинарите е  повеќе возбудена оваа сезона отколку порано бидејќи се чувствува комотно и сигурно на трките.

Нејзини цели годинава се освојување на титула во велеслалом, а покрај Lindsey Vonn која има три титули во Светскиот куп едно подруго, Shiffrin ќе се обиде да го стигне и овој резултат сезонава.128699_G08_W01 fis

 

Доколку пропуштивте, вториот круг од трката.

https://youtu.be/pmRvBpFuBDc

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки