На 21 ноември 2015, Младински Културен Центар, кино Фросина, втора година во која македонската публика имаше можност да го проследи десеттото јубилејно издание на Reel Rock филмската турнеја која ги прикажува најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот.
Reel Rock проекциите се духовни настани каде алпинистите, авантуристите и љубителите на природата се здружуваат за да ја прослават и искусат сржта на авантуристичкиот филм, а заедно со скоро сите поголеми градови низ светот и Скопје ја имаше несекојдневната можност да ја гледа премиерата на најновото издание на Reel Rock 10 кој го донесе и долго очекуваните документарни филмови
ЛИНИЈА ПРЕКУ НЕБОТО: пречењето на Фиц Рој ланецот е едно од најпосакуваните потфати во модерното качување. Тешка траверса преку седум назабени врвови, 4500m качување за кое никој не би рекол дека може да биде толку забавно. Томи Колдвел и Алекс Хонолд во мотивирачкиот и урнебесно смешен успон кој им донесе златен цепин;
ПОЧИТ КОН ДИН ПОТЕР: Дин Потер беше еден од најважните вертикални авантуристи на својата генерација. Беше неодвоив дел од REEL ROCK семејството од првата година и ѕвезда на филмовите како First Ascent, Fly or Die, Race For The Nose и Valley Uprising. Овој филм е последна посвета на овој голем човек и качувач;
ВИСОКО И МОЌНО: high ball болдеринг – кога падот може да предизвика сериозни повреди – не е за оние со слабо срце. Додајте го во равенката и качувањето на самата граница на качувачкото достугнување и работите можат да излезат од контрола. Ја следиме битката на Даниел Вудс да го совлада стравот и да качи еден high ball проект;
ПРЕСМЕТКА КАЈ ПЕКОЛНАТА ПОТКОВИЦА: 24 часа пекол кај потковицата (24HHH) е најлудото случување во светот на качувањето; мешавина на ултрамаратон и лудачка уметничка колонија каде врвните качувачи и потполните почетници се впуштаат во оргија од млечна киселина и пиво која трае 24 часа. Без обзир на зезањето, натпреварот е вистински: може ли тим од ликови како што се Ник Бери и Масон Еарл да се спротистават на семоќниот Алекс Хонолд?;
DAWN WALL EXCLUSIVE: прв поглед на качувањето на Томи Колдвел и Кевин Јоргесон на DAWN WALL. Ова качување е најголемото качувачко достигнување на генерацијата кој воедно го привлече вниманието на светската јавност. Додека се работи на долгометражен филм за следната година, REEL ROCK 10 ви прикажува исечок од драмата која се одигрува во детаљ од насоката..
За оние кои не беа на ова ново авантуристичко доживување, ова беше дел од атмосферата, се гледаме наредната година на единаесетото издание на Reel Rock!
skimacedonia