Велосипедски кружок „Милтон Манаки“ – Вело Камп Охрид 2016

Велосипедски кружок „Милтон Манаки“ организира Вело Камп Охрид 2016 од 8 до 13 август

13950886_velo kamp 2016 ohrid

milton velosipedski kruzok 1

Велосипедски кружок за бавно возење велосипед „Милтон Манаки“

Зошто бавно возење велосипед и што е тоа Бавно велосипедско движење?

– Бавното велосипедско движење го слави велосипедот и возењето велосипед. Возењето велосипед како прекрасен начин да се движите наоколу. Вие да го возите велосипедот при што ќе си дадете време да уживате во движењето кое самите вие го создавате; и се разбира да уживате во пејзажот околу вас. Идејата е да се постави велосипедизмот онаму каде треба да биде: во категоријата нормално. Нормален начин за да се посети нешто; нормален начин да се отиде до ресторан; нормален начин да се отиде на викенд.

Концепт и програма на кружокот

  • Организирани велосипедски дружења со образовно-културен каракатер.
  • Прифатен принципот на Бавно велосипедско движење.
  • Еднаш во месецот велосипедско дружење, 12 велосипедски дружења во годината.
    • 4 велосипедски дружења околу Скопје
    • 2 гурмански велосипедски дружења
    • 3 еднодневни велосипедски дружења надвор од Скопскиот регион со организиран превоз
    • 2 викенд велосипедски дружења со ноќевање
    • 1 седум до десет дневна, летно велосипедско дружење
  • Минимум стандарди за организирано велосипедско дружење
    • нај можно безбедна патека;
    • назначени волонтери како водичи, сервисер за велосипеди и лице за прва помош;
    • до 50 км во ден;
    • лесна патека, за која не треба техничко знаење;
    • одредени места за одмор, пауза и ужинка;
    • однапред подготвена информација;
    • датумот договорен однапред;
    • предвидено време за фотографирање и место за групна фотографија.

Зошто Велосипедски кружок „Милтон Манаки“?

– Затоа што Милтон Манаки е првиот познат љубител на велосипеди во Македонија. Тој придонел за развојот и популаризацијата на велосипедизмот во Македонија со тоа што ги фотограафирал почетоците на Македонскиот велосипедизам. Дополнително, баш поради тоа што тој бил фотограф и филмограф, сакаме да ја истакнеме поврзаноста на велосипедизмот со фотографијата и воопшто со културата и уметноста.

milton velosipedski kruzok

 

rakan_fuji-bikes-banner

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки