Веган се искачи на Монт Еверест со 100% веганска опрема
Алпинистот веган Кунтал Joишер го искачи највисокиот врв на светот Еверест без употреба на животински производи во неговата опрема или дури и во облеката. Toj се искачи на планината и претходно во 2016 година, но додека исхраната и тогаш му беше веганска, тој сепак имал траги од животински деривати во облеката и опремата, а по искачувањето, потврди дека неговата цел е повторно да го стори тоа но овој пат „100% вегански“.
Минатата година индискиот алпинист застана на врвот Лотсе, четвртиот највисок врв во светот, со што направи историски подвиг и стана првиот човек што некогаш се искачил на планина повисока од 8000 метри со 100% вегански пристап.
Со искачување на Еверест, тој одите и понатаму. Преживеа со вегански прашкасти додатоци, вегански пици, па дури и користел вегански гел за раце на патот до врвот. Јоишер работеше со Save The Duck, компанија која му обезбеди специјално изработена веганска облека. Тој со локалниот кројач исто така дизајнирал и свои ракавици. „Од ракавици, до термичката облека, до чорапи, чизми, па дури и за паста за заби, крема за сончање, па сè до кремата за дезинфекција – секое парче беше веганско“, изјави Јоишер.
Јоишер и Мингма, неговиот непалски шерпа, ја искачија северната страна на планината, која се смета како најтешка страна за искачување, поради нејзините лоши временски услови, а Јоишер инсистирал на тоа дека со ова докажува дека не само што веганската исхрана и опрема функционираат во некои од најострите клими во светот, но и дека може да се успее.
„На некој начин, јас сум среќен што ја одбрав страната на Тибет (Северната), која е позната по озлогласеното време – ветер и студ, бидејќи ми овозможи да докажам дека веганската храна и опрема може да функционираат во некои од најнепријателските услови на планетата. Не само да се преживее, туку всушност и да се успее“, изјави Јоишер.
За време на искачувањето, ветровите биле апсолутно неверојатни, а дури во еден момент неговиот шатор бил раскинат додека се обидувал да спие. Но, Јоишер инсистира на тоа дека „никогаш не почувствувал ладно“ поради вреќата за спиење и костумот на Save The Duck.
На крајот, времето попуштило и тој и Мингма биле почестени со дводневен прозорец, каде што условите биле мирни и можеле да го качат врвот. Смртните случаи на Еверест се добро документирани и 11 лица загинаа само во 2019 година додека се обидуваа да се искачат на планината.