Копаоник – Новата ски патека широка 60 метри завршена за два месеци

Нема потреба погледите да ни бидат свртени некаде далеку, сосема е доволно соседството за да видиме кои се современите стандардите за изградба, конфигурација и карактеристики на една скијачка патека. Безбедноста пред се, но и нејзино одржување во текот на целата година, заштита од ерозија , како и подлога спремна да понуди скијање и на 20 см снег.

Градежни работи на новата скијачка патека Крчмар на Копаоник се при крај. Целиот зафат се реализираше за само два месеци, само два! Патеката е паралелна со постојната и е долга околу 1500 метри, со фантастична ширина до 60 метри. Старата и новата патеки ќе бидат одделени со дрвени огради блокатори на ветар, а такви блокатори ќе се градат и на други позиции на новата патека. Во долниот дел, патеката се конектира на веќе постојната патека,  до почетната точка на четворосед Дубока 1.

Блокаротите на ветар или огради најчесто дрвени ги штитат патеките и снегот од издувување, а истовремено придонесуваат за акумулација на снежни наноси кои понатаму се редистрибуираат со ратраци до другите делови на ски патеката.

(фото, Копаоник, Србија 06.08.2019 InfoKop)

-1565077105545 skijalista srbija kopaonik infokop staza krcmar -1565077105826 skijalista srbija kopaonik infokop staza krcmar -1565077105285 skijalista srbija kopaonik infokop staza krcmar -1565077106174 skijalista srbija kopaonik infokop staza krcmar 1565077104085 skijalista srbija kopaonik infokop staza krcmar

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки