Кораб најизолираната дивината на западниот раб од Македонија. Неговата мистичност влече корени од неговата јужна страна или Јужен Кораб каде малкумина седеле во прегратки заради неговата релативна непристапност и далечина која бара навистина сериозен напор и време за да бидете во друштво со него. Една мала жилава и искусна екипа, планинари на Трансверзалец направи траверс-тура по целиот неговиот гребен искачувајќи ги неговите најнепристапни точки. Марио Шаревски, Зоран Тодоровски, Крумислав Јововски, Војкан Недковски,Васко Кически и Дарио Кортезе Словенија. Подолу во прилог записи за една авантура на Зоран Тодоровски.
Зоран Тодоровски
Авантурата на нашиот најдалечен планински масив -Корапскиот масив начелно беше договорена на почетокот на 2019 година, да се реализира кон крајот на месец јули. По неколку состаноци каде беше утврдена трасата на движење тргнавме.Почетна точка на Корпскиот поход – Трансверзала започна од с.Жировница , поточно од тамошниот планинарски дом Говедарник.
Во дворот на овој прекрасен дом кој се наоѓа на околу 1.100 мнв го подигнавме нашиот прв камп за да рано изутрина тргнеме низ густите шуми над селото.По тричасовно искачување веќе го искачивме нашиот прв предвиден врв Куртово Ќуле (2.082 мнв).
Веќе во тие моменти планината почна да ни ја покажува својата убавина која тешко се опишува со зборови!Продолжувајќи кон север (како генерален правец) по тревнаст предел следуваа врвовите Јаворско Брдо (2.158 мнв) и Високо брдо (2.243 мнв).Потребни се околу 2 часа пешачење за да го здогледата импозантниот врв Плоча (2.233 мнв) кој по својата форма е навистина уникатен. Откако го искачивме овој врв ни беше потребен малку одмор да ги обновиме силите бидејќе не чекаше подолг пат за да пристигнеме до подножјето на врвот Шупља Стена (2.425 мнв)
Со овој врв планината веќе се издига повисоко над морето, а пределот станува покарпест и многу подив, па би рекол и поопасен. Впрочем за да стигнете до самиот врв мора да се движите по раб широк 50 – 60 см кој од двете страни има бездни во недоглед надолу!
Оттука не се препорачува за неискусни планинари. Но наградата е поглед од овој врв од кој навистина застанува здивот. Човек чувствува ненаситност и сака да остане тука засекогаш! Повторно следува долго пешачење за да после 14 часа стигнеме во подножјето на врвовите Дерза и Црн Камен! Токму помеѓу овие два врва постои идеално место за поставување камп кое ретко може да се најде во овие диви терени.Тука би напоменал дека врвот Дерза(2.405 мнв)е навистина тежок за искачување, бидејќе е инзворедно стрмен , а на самиот врв има место за само троица планинари!Откако ги искачивме овие два врва време беше за одмор бидејќ силите ни беа пред крај!
Наредниот ден 27/07 продолживме кон месноста наречена Цигански Проход кон врвот Боази (2.518 мнв) но претходно застанавме на кашење на прекрасното Корабско Езеро! Погледот кон ова езеро во раните утрински часови буквално ќе ве скамени!
Кога ќе продолжите натаму ќе стигнете под Мал Кораб (2.683мнв) а во негова непосредна близина е врвот Малокорабска Стена (2.732 мнв) кој е всушност гранична линија со Р.Албанија. Малокорабска Стена е опасен и многу тежок врв за искачување! Морате да бидете физички но и многу ментално подготвени при искачувањето! Секој чекор мора да биде однапред испланиран бедејќиве демнат опасности постојано! Се е ронливо а подлогата на која газите не е многу сигурна! Постои опасност од проклизување со тешки последици по поединецот. На самиот врв нема многу место и потребна е огромна претпазливост.
Препорака : „ Не гледај надолу“! После едно вакво искачување, а и симнување адреналинот во крвта не ве напушта со часови! Погледите одозгора не се од 1.000.000 $ , тие се бесценети.Следува највисокиот врв во Р.Македонија Голем Кораб , каде констатиравме дека котата на самиот врв е уништена и е ставено ново обележје, но за тоа во друга прилика! Кампот бр 2 е поставен на Кобилино Поле на 2.540 мнв каде бевме сведоци на неверојатни облаци и неверојатно зајдисонце!
Патешествието продолжи и наредниот ден 28/07 каде беа искачени врвовите Кепи Бард (2.599 мнв), Корабец (2.526 мнв), неверојатниот Црна Чука (2.575 мнв) и Бел Врв (2,538 мнв) Бел Врв се искачува последните 10 – 15 метри со класично техничко искачување и не се препорачува за почетници!
skimacedonia


























