Убавините на Кожуф и оваа година ќе бидат инспирација за уметниците кои учествуваат на ликовната колонија „Лето 2014 – Вила Тодоров – Кожуф“. До крајот на неделата, колоритот на природата , зимзелените густи шуми, шарените ливади, поточињата ќе бидат инспирација за творење на ликовните уметници, учесници на колонијата.
Ликовната колонија се одвива во два дела. Во првиот дел, учествуваат млади ликовни уметници од цела Македонија, а во вториот дел природата ќе биде инспирација за познати и реномирани ликовни уметници од земјава, но и од Србија. Уметниците се задоволни од понудената можност за креативни денови и творење во природа.
„Желбата, уметност да се случува на Кожуф планина е резултат на пријателствата со ликовните уметници родени на првата ликовна колонија која се одржа во зимски амбиент. Желбата повторно да се претстојува во Вила Тодоров, која ги пружа сите потребни услови за работење и творење на еден ликовен уметник ја наметна идејата оваа ликовна колонија да прерасне во традиција, па така годинава уметниците ќе ја имат таа привилегија подолго време, односно во две етапи да претстојуваат на Кожуф. Важно е да се спомене дека по три години објектот Вила Тодоорв и скијачкиот центар повторно доби електрична енергија“ рече сопственикот на „Вила Тодоров“ и организатор на колонијата, Марјан Тодоров. Тој се надева дека наредната ликовна колонија ќе биде во текот на зимата, кога исто така Кожув е инспиративен.
skimacedonia















