Угриновски по трет пат прецедник на ФПСМ

Угриновски кој воедно беше и единствен кадидат по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Jovica-Ugrinovski-fpsm

Јовица Угриновски доби трет мандат на чело на Федерацијата на планинарски спортови. На вчерашното собрание 24 претставници на планинарски здруженија гласаа Угриновски да остане претседател на федерацијата, двајца против, шестмина воздржани. Угриновски беше и единствениот кандидат, другите двајца кандидати предложени од планинарските друштва претходно сами се повлекоа.

Планинарката Југослава Дуковска која гласаше против и еден од ретките гласноговорници за работите во ФПСМ изјави дека третиот мандат на Угриновски е спротивен на статутот на федерацијата, според кој еден ист претседател не може да биде избран повеќе од два последователни мандата. Не се согласува со неговиот реизбор заради моралната одговорност и смртта на Калина и Александар на Кајмакчалан. Исто така и тезата за индивидуална одговорност за неа е неприфатлива. Водичот не смеел да дозволи на тоа невреме да ја води групата кон врвот вели таа.

Членот на претседателството Љубомир Котевски од ПСД Кораб пред почетокот на собранието рече дека Угриновски ја управува федерацијата на прав пат и ги има заслугите за добрите резултати. За лошите, како трагедијата кај Кајмакчалан не гледа вина ниту кај претседателот ниту кај федерацијата. Тврди дека бројните организациски пропусти не влијаеле на трагедијата.

На почетокот на собранието Угриновски го претстави и извештјаот од работата на Федерациата каде на крајот ја спомена и смртта на малдите планинари со порака дека планината не простува грешки и клубовите да ги едуцираат своите членови.

Промени во федерацијата периодов бараа и  планинари и пријатели на Калина и Александар. Угриновски понудил оставка од морални причини но делегатите  кои го изгласаа за трет мандат не му ја прифатија.

Јавното обвнителството околу трагичниот настан на Кајмакчалан се уште истражува и не го дало последниот збор за кривичната одговорност.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки