Пристигна и трејлерот за REEL ROCK 11

rr11-cover

Овогодинешниот филм ги има сите класични елементи кои ги посакувате во REEL ROCK: акција од која ви лупа срцето, тензија која ги поти дланките, хумор од кој ќе ве заболи стомак, глобалното истражување и да, дури и неколку моменти од кои ќе ви протечат солзи. Сето тоа во единаесетото издание на REEL ROCK!

REEL ROCK 11 лајнап

Оваа есен REEL ROCK стугнува до бројот 11 со најновата колекција на возбудливи качувачки филмови кои ги прикажуваат најголемите приказни и атлети во рамките на спортот. Петте нови филмови ќе ви донесат возбудлива акција, патувачки истражувања низ светот, голема смеа и вистинска инспирација. Филмовите кој ќе ги погледнете во единаесетото издание се:

НОВИ ДЕЧКИ: Како лидери на новата генерација, Ашима Шираиши и 16 годишниот Каи Лајтнер се упатуваат на авантура во Норвешка и Јапонија во потрага по нови хоризонти.

МОМЦИ ВО ВРЕЌИТЕ: четири годишна битка за да се утврди она што може да биде најтешката алпинистичка пукнатината сместена високо во Канадската дивина на Бугабус.

БРЕТ: Следете ја номадската алпинистка Брет Харингтон на патување со кое треба да го пронајде својот пат низ сите стилови на качување, од Канадските Карпести Планини до Патагонија.

ОДЛИЧЕН ТАТКО: Балансирање на зависноста од експедиции со татковството не е лесно, но Мајк Либецки е на мисија тоа да го оствари.

DODO’S DELIGHT: јака журка над арктичкиот круг за прв искачувања, добар провод и ноќни свирки.

rr11-cover-3

Дали слушнавте за REEL ROCK фестивалот?

Од оваа година стартува и REEL ROCK Fest, фестивалски серијал кој ќе се одржи во пет градови низ Америка. Покрај стандардната проекција на новите неверојатни RR11 филмови, викендот набиен со акција ќе вклучува и качувачки натпревари, серија на презентации на The North Face, Access Fund проекти, многу награди, музика во живо и повеќе настани за дружење и забава отколку кога било досега.

rr11-cover-2

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки