Tour De Galicica 2017

Tour de Galicica 2016_0459Tour de Galicica 2016_0521

 

Outdoor настанот „Тур де Галичица“ќе се одржи по четврти пат oд 16ти до 18ти јуни 2017 година. Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме и оваа година да бидете наши гости.
Организатор на гореспоменатиот настан е Велосипедско – Планинарскиот клуб „Преспа Бајк – Ресен“. Оваа година ви најавуваме новини, но и измени кои ќе бидат дел од тридневниот настан. Останува старата добра велосипедска рекреативна тура низ падините на Националниот Парк Галичица. Новина е најава за планинарска тура до највисокиот врв на планината Галичица, (Магаро 2255 м.н.в). Исто како и претходните години, ви нудиме можност за кампување збогатено со забава, но оваа година на нова локација. Кампот ќе биде во Ресен, поточно на местото викано „Касарна”.
Велосипедската тура е долга 71 km. Почетокот и крајот се на плоштадот во Ресен. Стартот е во 9h. Линк од целата тураhttps://www.bikemap.net/en/route/2947774-tur-de-galichitsa/, а слики од истата има поставено на ѕидот. Стартниот пакет ќе биде 300 денари и ќе се наплаќа на лице место.
Збирно место за планинарската тура ќе биде местото на кампување. Во 9 часот се тргнува со организаран превоз од Ресен до Галичица. Вкупна должина на планинарската тура изнеува 7,5 км. и вкупна денивелација од 1300m. Се молат сите заинтересирани за планинарење да се пријават најдоцна до 15ти јуни за на време да се обезбеди превоз. Стартниот пакет за планинарската тура ќе изнесува 400 – 450 денари, зависно од бројот на пријавени. Наплатата е на лице место.
Стартните пакети ќе содржат маица, вода, пијалоци за освежување, магнезум стапчиња и прехранбени продукти наменети за ужина.
Линкот за пријавување е тука: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf65JfT8ZUH9wRTKcDaP9YY0OLImXvfavsJnooF2XA7AhTtBg/viewform
Сите учесници настапуваат на сопствен ризик.
Со самото стартување,учесниците се согласуваат дека организаторот не одговара за постапките на учесниците кон самите себе,ниту кон другите учесници.
Забрането учество на малолетни лица, освен во присуство на родител или старател.
Опрема: за учество неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед, односно соодветни чевли и облека за планинарење.
Организаторот го задржува правото за правење на евентуални измени кои ќе бидат неопходни, а за кои ќе бидете навремено известени.

Телефон за контакт: Кристијан 078/254-443, Дејан 075/282-207

National Park Galicica 0682

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки