Интересен мини документарец, кратка животна сторија за оние кои целиот свој живот го минале на планините. Станува збор за 88 годишниот Еди Хантер и неговата лична поврзаност со националниот парк Банф и планината Норкеј во Канада место кое самиот го смета за свој дом, поминувајќи цели 80 години во скијање на оваа планина.
повеќе »Tag Archives: скијање
Epic SkiPass – Епска понуда за љубители на зимската забава
Спојувањето на американскиот Парк Сити со некогашниот ривал Вејл носи дополнителни детали од целокупната приказна сезонава. Имено, сопствениците испорачаа примамлива понуда на пазарот за ски карти. За туристите и сите љубители на зимските убавини тоа накратко значи, една карта за вкупно 21 ски центри,на четири земји на три континенти. Возможно доколку во претпродажба за околу 600 евра набавите ‘Epic Skipass” со …
повеќе »Брезовица ќе се продава на француски конзорциум
Министерството за трговија и индустрија на Косово соопшти дека францускиот конзорциум на фирми МДП Консалтинг понудил дури 410 милиони евра за проектот Брезовица Ски ресорт. Конзорциумот го сочинуваат акционери од Франција и Андора. Косовскиот министер изјавил дека комплексот Брезовица ќе претставува најголем инвестициски проект на Косово. Косовските медиуми наведуваат дека понудата е прифатена и дека се очекува договорот да биде …
повеќе »Македонија на листата на топ 10 најдобри freeride дестинации со ратрак
Македонија, рамо до рамо со ски центри од Британска Колумбија, Алјаска, Чиле, Шведска. Британскиот сноуборд магазин Whitelines ја стави Македонија на мапата на 10 најдобри дестинации за freeride тури со ратрак. Во случајов станува збор за ски центарот Попова Шапка, Шар Планина каде што преку Ескимо Фрирајд се организира скијање и сноуборд по недопрените диви предели на Шара од страната на …
повеќе »Се е спремно во Леви, прв слалом сезонава
Викендов е втората трка од календарот кој ќе се одржи во Леви, Финска на патеката Леви Блек. Трката во женска конкуренција стартува од 10 часот, а второто возење започнува во 13 часот. Машките натпревари се закажани во недела во истите термини, а и двата дена трките ќе можете да ги следите на Eurosport каналот.
повеќе »Според TripAdvisor ски центарот Банско најевтин во Европа
Според истражувањата на TripAdvisor, втора година по ред ски центарот Банско во Бугарија е прогласен за најевтиното ски одморалиште во Европа, во истражувањето на 42 европски земји, пренесува „Дејли Меил”. Во истражувањето како критериуми се земени во предвид, просечните цени на хотелите, изнајмувањето на ски опрема, часовите по скијање, вечера во ресторан и пијалоците во текот на седум дена одмор за …
повеќе »Freeskiing на Европските алпи со Аксел Лунд Свиндал
Погледнете уште еден производ на Норвешката креативна видео куќа Филд Продакшн (Filed Production) кои прават неверојатни и иновативни видео документарци за се што е поврзано со екстремното скијање и сноуборд.
повеќе »Кои се најдобрите женски модели на скии 2015
Пред стартот на ски сезоната и зимските денови во прилог ви ги претставуваме поинтересните модели на женски скии за подготвени ски стази. Ова се модели за 2015 година кои содржат низа имплементирани технологии и квалитетни материјали со крајна цел унапредување на задоволството од скијањето. 01-Elan Interra 02-Völkl Yumi 03-Blizzard Viva 810 04-K2 Potion 74 XTi 05-Head Super Joy 06-Rossignol …
повеќе »На Кицбил ќе се гине, пари ќе има за сите
На ултра популарниот Кицбил, пари ќе има за секого. На еден од најспектакуларните натпревари во Светскиот куп, патеката Хахненкам на која ќе се одржат натпреварите, викендот 23-25 јануари 2015, скијачите ќе имаат дополнителен мотив за постигнување што подобар резултат. Наградниот фонд достигнува фантастични 750.000 швајцарски франци околу 620.000 евра. Од оваа сума скоро половина ќе бидат поделени уште првиот ден …
повеќе »Михаела Шифрин и Ана Фенингер со идентичен резултат
Возбудлива трка во женска конкуренција на почетокот на натпреварите во Светскиот куп во Золден. Американката Михаела Шифрин и Австријката Ана Фенингер остварија исто време во второто возење и мораа да го поделат првото место на премиерата сезонава. Третото место е за Ева-Мариа Брем чии најдобри резултати се токму во велеслаломските трки. Имавме можност да видиме зошто натпреварувањето во Золден важи …
повеќе »
skimacedonia