СВЕТСКИ ДЕН НА ПЛАНИНАТА – МАТКА 2015

На 13 декември 2015 год. во организација на Федерација на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) ќе се одбележи Светскиот ден на планината – Матка 2015, настан кој ќе биде подржан од ДПС Трансверзалец -Скопје

Предвидена програма:

Опција 1
Планинарска патека: Скопје – Водно – Матка (5 часа пешачење)
07.00 ч. Стартно место: ОУ Кочо Рацин (Обезбедени водачи на планина)

Опција 2
Планинарска патека: Матка / Манастир Св. Богородица – Св. Спас – Св. Недела – Св. Андреа (3 часа пешачење)
09.00 ч. Стартно место: Манастир Св. Богородица, Матка (Обезбедени водачи на планина) или опција кон манастир Св. Никола Шишевски

Официјален дел од програмата
13.30 – 14.30 ч. Планинарски дом Матка, свечен собир и доделување на награди и признанија(Св. Андреа)
Гостите на настанот ќе можат да се освежат со планинарски чај во текот на целиот настан.
14.00 – 15.00 ч. Окрепување со планинарско гравче, колбас, добро расположение и дружење.
16.00 ч. Довидување до идната година

Напомена:
– Потребна опрема за еднодневно зимско планинарење и движење во природа
– Задолжително пријавување кај организаторот ФПСМ или кај ДПС Трансверзалец (листа со име и презиме на членовите учесници)
– Aвтобус на ЈСП (бесплатетен, во организација на ФПСМ):
09.00 ч. Стартно место, Транспортен центар – Нова железничка станица, Центар – рекорд, Капиштец – Треска, Влае, Сарај се до Матка.
15.30 ч. Матка – Транспортен центар – Нова железничка станица.

Пријава и информации : на e-mail: transverzalec@t.mk, transverzalec@gmail.com, web: www.pdtransverzalec.org.mk, facebook:https://www.facebook.com/transverzalec/ и телефон 070/641 998Vodno (2)

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки