ДПС Трансверзалец од Скопје ќе гостува на традиционалната меѓународна планинарска вечер организирана од Планинарско Алпинистичкиот Орентационен Клуб ЕНТУЗИЈАСТ Струмица на ден 28.11 2015 г. (сабота) во Хотел Цар Самуил с. Банско – Струмица.
Дводневна посета на Струмичкиот крај предвидува:
Сабота – 28.11.2015 е организирано посета на водопадите во Смолари, Габрово, Колешино, посета на Мокринските извори и посета на местото ПИРГО (местото каде се одвивала познатата Беласичка битка во 1014 г.)
Планинарска вечера 20:00 h. Хотел Цар Самуил – музика во живо, вечера, доделување на благодарници, богата лотарија и други изненадуванје.
Влезница-карта по цена од 600 ден, вечера без вклучени пијалоци
Сместување-спиење во Хотел Цар Самуил с. Банско / Хотел Атлантис Палас с. Банско / Хотел Подгорски Ан с. Габрово / конаци во црква Свети Петнаесет Струмица / Хотел Тивериопол Струмица / Хотел Илинден Струмица / Хотел Централ Струмица – сите по цена од 600 ден.
Недела – 29.11.2015 е организирано посета на манастирите во с. Вељуса и Водоча, ручек и пијалоци за сите гости на Манастирот Свети Илија обезбеден од организаторот.
Доколку има интерес предвидено е и пристигнување во петок (27.11.2015) за да може да се искачува БЕЛАСИЦА.
Цената на превозот ќе зависи од бројот на пријавени учесници и избор на превозно средство.
Пријавување најкасно до 25.11.2015 г.
070/641-998
Директно до инфо настанот на ПАОК Ентузијаст Струмица
skimacedonia
